Рубрика: Уводник
Подобар дизајн и печат - поголем тираж?
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Забележувате дека повторно имаме одредени измени (се надевам кон подобро) на дизајнот на списанието - не затоа што мислиме дека со тоа ќе дојдеме до нови читатели туку затоа што сакаме во рамките на овие услови да обезбедиме максимум во поглед на графичко-техничкиот квалитет.

Впрочем, и досегашните подобрувања што ги направивме кон крајот на минатата и почетокот на оваа година благодарение на соработката со печатницата “БОШЕЛИ” и компјутерското студио “POINT+” не предизвикаа зголемување на тиражот. Тој и понатаму си остана ист - мал и недоволен за опстанок на списанието. Ова уште еднаш го потврдува фактот дека стручните списанија се купуваат и читаат поради нивната содржина, а не поради убав дизајн, големи фотографии во боја и мазна хартија.

И во многу поразвиени и поголеми држави, каде тиражите и поддршката од спонзори се неспоредливо поголеми, ретки се списанијата за електроника што имаат некој посебно добар графичко-технички квалитет. Дури има и обратни примери - некои од списанијата што ги добиваме во редакцијата, иако се од високоразвиените западни земји, се на ужасно груба хартија и со шеми исцртани со слободна рака.

Очигледно, на многумина овие работи не им се познати или пак немаат чувство за условите под кои егзистира ова и било кое друго стручно списание во Македонија, па доста често даваат замерки и предлози во врска со графичко-техничкиот квалитет. Дури има и “електроничари” кои не го читаат ЕМИТЕР, а за тоа го наведуваат лошиот дизајн и печат како причина. Бидејќи најчесто овие “електроничари” не купуваат и не читаат ниту едно списание за електроника сметам дека причината не е во “лошиот” дизајн и печат туку во немањето вистински интерес за електрониката - нешто што повеќето студенти од ЕТФ и ученици од електро-техничките училишта не сакаат да си го признаат.

Како и да е, наша примарна заложба е, и секогаш била, содржината на ЕМИТЕР, како во поглед на разновидноста така и во поглед на квалитетот. Се надевам дека содржините од овој број ќе го задржат вашето внимание, а дискусиите за дизајн, боја и мазна хартија да им ги оставиме на разните таблоиди и модни списанија.

Главен уредник
Слободан Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина