Емитер 7-8/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секое спомнување на проект за разгласна миксета најчесто асоцира на проект кој е премногу сложен, па дури и невозможен за реализација за еден хоби електроничар. За среќа, постојат решенија кои ги доближуваат овие уреди и до конструкторите со помало искуство и познавање од електрониката. Токму во овој текст, кој е предвиден да оди во два дела, ќе биде презентирано едно вакво решение. Затоа, ако имате потреба од квалитетна разгласна миксета и работата со лемилото ви оди од рака, ова е вистинска прилика за Вас.
Озвучувањето на одреден простор (отворен или затворен), неминовно ја наметнува потребата од една или повеќе разгласни миксети зависно од условите и поставените барања. Во секој случај разгласната миксета се јавува како активен посредник помеѓу повеќе извори на аудио сигнал (микрофони, музички инструменти, касетофони и сл.) приклучени на влезовите и еден или повеќе излезни засилувачи приклучени на излезот. Нивната основна задача се состои од засилување на слабите сигнали, нивна обработка и мешање (миксање) во еден заеднички сигнал, негова евентуална обработка и нивелирање на излезниот сигнал. За успешно реализирање на поставените задачи, најчесто овие миксети се реализираат во повеќе степени кои имаат различни функции. Зависно од намената, бројот на каналите е различен, но најчесто се движи од 4 до 24. Поквалитетните миксети поседуваат тонски контроли на секој канал, вклучувајќи го и мастерот, вградени процесори за ефекти, можност за приклучување на надворешни ефекти, визуелна контрола на излезниот сигнал и др.
Имајќи го во предвид ова, секое спомнување на проект за разгласна миксета најчесто асоцира на проект кој е премногу сложен, па дури и невозможен за реализација за еден хоби електроничар. За среќа, постојат решенија кои ги доближуваат овие уреди и до конструкторите со помало искуство и познавање од електрониката. Токму во овој текст, кој е предвиден да оди во два дела, ќе биде презентирано едно вакво решение. Затоа, ако имате потреба од квалитетна разгласна миксета и работата со лемилото ви оди од рака, ова е вистинска прилика за Вас.
Една од главните предности кои ги нуди понуденото решение е можноста за избор на бројот на каналите. Нивниот број зависи од бројот на каналните предзасилувачи (VT-101), додека секој канален предзасилувач поседува два влеза (MIC и INST) со различна осетливост и различна влезна отпорност.
Треба да се каже (иако се подразбира) дека за една N-канална миксета потребни се исто толку канални предзасилувачи (VT-101) и по еден модул од VT-202, VT-303 и VT606. Во второто продолжение од проектот ќе биде даден изгледот на сите плочки со печатено коло, како и неопходните упатства за поврзување на сите модули во една целина. Во очекување на следниот број, за сите кои размислуваат да го прават овој проект, сега е вистинскиот момент да почнат со подготвување на потребниот материјал.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.