Електроника

Секое спомнување на проект за разгласна миксета најчесто асоцира на проект кој е премногу сложен, па дури и невозможен за реализација за еден хоби електроничар. За среќа, постојат решенија кои ги доближуваат овие уреди и до конструкторите со помало искуство и познавање од електрониката. Токму во овој текст, кој е предвиден да оди во два дела, ќе биде презентирано едно вакво решение. Затоа, ако имате потреба од квалитетна разгласна миксета и работата со лемилото ви оди од рака, ова е вистинска прилика за Вас.


Аудио и видеотехника

Тестовите на Hi-Fi уредите можат да се изведат на два начина: со мерење (објективни тестови) или со слушање (субјективни тестови). Обата начина си имаат свои позитивни и негативни страни, па најдобро е да се комбинираат и двата. Планирам да направам мерни тестови на најевтините звучници кои се на нашиов пазар, а оние кои најдобро се покажале да ги соберам на купче и да организирам слеп слушен тест, односно да ги предадам на милост и немилост на жирито. За овој тест ја избрав првата тура од три пара звучници: JBL TLX 300, Mission 731i и Pioneer S-F 21.


Аудио и видеотехника

Името TANNOY е добро познато, како на светскиот пазар, така и кај нас. Веројатно многумина од вас, почитувани читатели на списанието “ЕМИТЕР”, имале можност, а секако и желба, да видат, слушнат или поседуваат некој модел од овој реномиран производител. TANNOY е мошне стара фирма, ако не и една од првите за производство на звучни кутии. Оформена е во Шкотска, каде што се наоѓа и денес.


Електроника

Телефонијата претставува прва позначајна примена на аудио техниката поради што се судираше со многу проблеми кои во тогашни услови биле навистина необјасниви и поразителни. Имено, кога телефонските жици биле поставени меѓу градовите, станало сосема јасно дека тие имаат прилично различни карактеристики од оние на кратките проводници кои се користат во лабораториите. Промените на карактеристиките се резултат на тоа што тие се однесуваат како преносни водови на далечина.


Електроника

Дали сè уште го имате старото електрично ѕвоно кое бушејќи го мозокот ви ги најавува гостите? Можеби имате електромеханички гонг чија пријатен звук можат да го чујат само оние кои стојат на влезната врата? Ние ви нудиме нешто подобро: електронски гонг со интегралното коло SAB 0600. Неговиот милозлив звук во три тона пријатно ќе ви ги најави дури и непријатните посетители.


Електроника

Разгледувајки различни книги и списанија сигурно веќе сте сретнале различни електрични шеми односно конструкции кои го третираат проблемот на вклучување и исклучување на некој уред или некоја електрична светилка при промена на интензитетот на светлината. Од кога ќе ја погледнат електричната шема на автоматот за светло прикажан во овој текст - оние поамбициозните сигурно би рекле: "Па ова може и многу поедноставно да се направи".


Електроника

Секој што го посетил минатиот саем за компјутерска опрема сигурно го фасцинирале 3D-MAX очилата. Денес постојат неколку програми и игри кои имаат опција за овие очила, како што се AutoCAD и 3D-Studio MAX, а во блиска иднина верувам дека бројот на овие апликации ќе се зголеми и очилата ќе бидат најмногу користени во игрите. Принципот на работа и кај 3D-MAX и кај нашите 3Д-МАК очила е ист, но начинот на кој се изведува тоа е различен.


Електроника

Електронската брава која е прикажана во овој напис е многу едноставна и може да се користи за различни намени. Сите употребени компоненти се лесно достапни, па нема проблем за набавка и на нашиот пазар. Шифрата се состои од 6 цифри и бравата се активира само ако е внесена коректната шифра.


Електроника

Во ова продолжение ќе збориме за калемите, ќе ги разгледаме нивните параметри, ќе ги разграничиме по видови, ќе ги спомнеме фабрички произведените, но ќе ви дадеме насоки за пресметување и изработка на калеми за сопсвени потреби. За крај ќе ви дадеме насоки за поврзување и испитување на калемите.


Електроника

Уредот за далечинско управување, е прилично скап дел на теледиригираните модели со фабричка изработка. Самоградителите поминуваат мошне поевтино и затоа ќе ја проследиме градбата на еден таков уред изработен со материјали кои кај нас лесно се достапни.


Електроника

Во минатите броеви се потсетивме на бројните системи од аспект на примена во микроконтролерската техника. Исто така стекнавме некои основни предзнаења за микроконтролерите. Во овој број ќе се запознаеме со микропроцесорската единица М6800 и нејзината архитектура.


Аудио и видеотехника

Корејските звучници Eroica се појавија кај нас на пазарот пред околу 10 години, а нивната цена беше нешто помала од 400 марки за еден пар. Прилично брзо се распродадоа, најмногу заради нивниот навистина одличен дизајн, а и цената беше релативно ниска во споредба со звучниците кои ги нудеа консигнациите (тогаш девизниот дел од цената беше скоро иста како во странство, а на тоа се додаваа 75% царина).


Електроника

Секој кој конструирал нискофреквентен уред, знае дека најголем проблем претставува меѓусебниот распоред и поврзувањето на поедини склопови со елементите за комутација и регулација на сигналот, со сите проблеми, кои ги наметнува потешкотијата на коректното заземјување на бројните оклопни кабли. Кога се работи за стерео-систем со вообичаеното заедничко напојување и маса, каде овие проблеми се поизразени, доброто решение бара пред сè солидна подготовка, а потоа и големото искуство.


Аудио и видеотехника

Длабоката почит што постои кон нешто што е навистина квалитетно, како миксетите NEVE, ги става на висок пиедестал како и класичните микрофони. Голем број на NEVE миксети стари по 20 до 30 години сè уште се во добра состојба. Многу од нив ги има во САД, каде многумина од вљубениците, не жалејќи инвестиции за нивното одржување, прават од нив да вредат повеќе од многу нови миксети.


Телекомуникации

Гониометријата е вештина на мерење и одредување на аглите. Гониометарот е инструмент или уред со чија помош се мерат аглите (грч. gonia = агол; metrin = мерка), а зависно од намената има различна конструкција и се применува во геодезијата, кристалографијата, електрониката и сл. Предмет на наше разгледување ќе биде примената на гониометријата во областа на електрониката.


Омнибус

Ништо поубаво не можеше да му се случи на Скопје во дождливиот, облачен мај од она што му се случи на 19-ти мај вечерта околу 21.00 часот. Навистина и времето некако стивна, за чудо не врнеше, како да знаеше дека во таа вечер нашиов град ќе добие нешто со што малку ќе прилега на светските метрополи, нешто што ќе не однесе чекор поблиску до светот и светското живеење.


Телекомуникации

Апаратот за персонална комуникација треба да биде моќен и сестран. Но, треба да биде и едноставен за употреба. Затоа Sony дизајнира сосема нов целуларен телефон, употребувајќи еден од најстарите изуми на светот - тркалото. CMD-Z1 го има револуционерното контролно тркало кое ви овозможува да управувате со сите функции со едноставно и лесно движење на вашиот прст - jog dial. Слично на компјутерското глувче, едноставно пребарувате по "менито" она што ве интересира и притискате.


Аудио и видеотехника

Во овој напис ви претставуваме избор од значајни настани, пронајдоци и производи од цилиндерот до дигиталното аудио кои го одбележаа развојот на аудиотехниката. Во првиот дел правиме хронолошки преглед почнувајќи од далечната 1877 година и завршуваме со 1952 година во аудиотехниката.


Аудио и видеотехника

Револуционерниот лаптоп едитор AJ-LT75 претставува комбинација на два дигитални VTR-а, два LCD монитори и еден едитирачки контролер поставени во куферче со тежина од само 11kg и напојувани од еднонасочен извор. Основните карактеристики на AJ-LT75 се едноставниот, симетричен дизајн и хоризонталната изведба. Секоја VTR единица е опремена со сопствен бројачки дисплеј, отвор за касета и контролен панел.


Електроника

Сигурно сте сретнале повеќе конструкции на електрични кола за регулирање на вртежите на еднонасочни DC мотори дури и на страниците од ова списание. Сите тие користат некои "посебни интегрирани кола" за да ја постигнат целта регулација на вртежите - цел која сама по себе од електронски аспект може многу едноставно да се реализира. Наместо тие специјализирани интегрирани кола овде се користи на сите нам добро познатото интегрирано коло NE555.


Електроника

Намената на уредот што го замислив и изградив не е со силен звук од многу децибели да го исплаши до смрт "натрапникот" туку да ни индицира дали во контролираната просторија имало несакана посета со визуелен индикатор (LED диода) и тивок акустички индикатор на далечина, преку телефонската линија. Уредот може да обезбедува лабораторија за електроника, канцеларија, сеф, обична фиока, врата од гаража, визба или фрижидер од "домашни на диета".


Електроника

Независно од својата конструкција, секој излезен засилувач содржи: мрежен трансформатор, мрежен насочувач (грецов спој) и електролити за филтрирање. Решението на плочката за овој случај кое ви го нудиме овде, е употребливо скоро за сите излезни засилувачи со симетрично напојување. На плочката има место за вкупно шест електролити, чија вредност и номинален напон се бираат според потребите.


Електроника

Често пати ни се случува да имаме некоја диода за која не сме сигурни дали таа е исправна или не. Исправноста на диодите може да се провери на ралични начни. Во поново време секој мултиметар има можност за брза проверка на диодите, но ретки се оние инструменти кои можат да измерат некои по специфични параметри како на пример зенеровиот напон на зенер диодите, или напон на PN преминот на диодата за дадена струја.


Електроника

Тиристорот наједноставно може да се сфати како полупроводничка диода која има три или повеќе PN споеви и која може да биде само во две состојби: вклучена (диодата проведува) и исклучена (диодата не проведува). Вториот електронски елемент тријак е сличен на тиристирот. Во овој кус напис ви прикажуваме една едноставна шема за испитување на овие елементи.


Електроника

Тестирањето на мрежните кабелски инсталации станува се полесно и побрзо, а инструментите за тестирање доживуваат вистинска метаморфоза. Најновите инструменти се со мали димензии, подвижни се и, што е најважно, едноставни се за ракување. Такви се и двата нови модели на FLUKE DSP дигитални уреди за испитување на водови чија супериорна дигитална технологија за тестирање целосно соодветствува на најновите и актуелните тест стандарди: DSP-100 Cable Meter и DSP-2000 Cable Analyzer.


Електроника

Во денешно време дизајнирањето на многу осцилатори се базира на еден пар логички порти и на кристал. За жал, овие осцилатори произведуваат голем шум и имаат тенденција да го оштетуваат кристалот. Колото прикажано во овој напис претставува Колпицов осцилатор специјално дизајниран за кристал со фреквенција од 10MHz. Кај овој тип осцилатори не постои можност кристалот да се оштети.


Електроника

Во овој напис ќе ви прикажеме две интересни и мошне едноставни шеми на индикатори за 220V кои индикацијата на состојбата на некој уред ја покажуваат со треперливо светло.


Омнибус

CQ WPX SSB 1997; КБ натпревар "Гоце Делчев" - резултати; 1998 World Football Cup Award; DX - информации; Правила за дипломата (W.A.A.C.) Worked All African Continent; Правила за натпреварот European HF Championship; Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

HI-FI информации; IC - 706; Интернет преку електричната инсталција; High tech "отвори се Сезаме"; W41PC карта за декодирање и анализа на радио сигнали; 35-та републичка смотра на младите техничари и природници; Алтернатива за алуминиумот; Windows '98


Писма
ТВ засилувач и антени
Безжично поврзување на компјутери
Тјунер, еквилајзер и безжичен микрофон
Забелешки и предлози
Минијатурна антена