Рубрика: Електроника
Светлосен прекинувач SP-9
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Разгледувајки различни книги и списанија сигурно веќе сте сретнале различни електрични шеми односно конструкции кои го третираат проблемот на вклучување и исклучување на некој уред или некоја електрична светилка при промена на интензитетот на светлината. Од кога ќе ја погледнат електричната шема на автоматот за светло прикажан во овој текст - оние поамбициозните сигурно би рекле: "Па ова може и многу поедноставно да се направи". Но ако погледнете повнимателно ќе забележите конструкција која вклучува и исклучува класична 220V-на електрична светилка со промена на интензитетот на светлината. За вклучување и исклучување на електричната светилка се користи тиристор кој доколку работи во "нормални" услови теоретски е неуништив, за разлика од некое електромагнетно реле кое има свој век на работа. Исто така целиот уред се напојува директно од 220V-ната мрежа така што нема потреба од користење на соодветен трансформатор. Операцискиот засилувач, зенер диодите и останатите пасивни компоненти ја детерминираат сигурноста на работата на уредот. Значи во целина се работи за квалитетна конструкција која е евтина и која проработува "од прва" без некои посебни проблеми. Сите оние кои сакаат пред влезот на својата куќа, во дворот или пак рекламата од својата фирма да ја осветлат со електрична светилка, притоа многу да не "мислат" на вклучувањето или исклучувањето на светилката со доаѓање на ноќта односно денот, овој едноставен и практичен уред ќе ја извршува таа задача наместо вас.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 980701
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.