Рубрика: Електроника
Прекинувач којшто ја намалува печатената плочка за 50%
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.08.2014 - 12:10

Texas Instruments го лансираше најмалиот прекинувач за двонасочна заштита во индустријата.
Од производителот уверуваат дека со употреба на оваа компонента во нивните дизајни конструкторите ќе бидат во можност да ја намалат големината на системот и до 50%. Прекинувачот деклариран за максимални 18V/ 5A ветува подолг живот на батеријата во преносните уреди како и кај уредите кои се напојуваат со адаптер, но и кај дел од SSD уредите.
TPS25940 и TPS25942 вклучуваат двонасочно врзани FET-ови со цел да се обезбеди двонасочна контрола на протокот. Тие го заштедуваат просторот на плочката на тој начин што обезбедуваат под и над напонска заштита со точност од 2%, елиминирајќи ја потребата за посебен чип за таа намена.
TPS25940 eFuse прекинувачот вклучува и DevSleep режим на работа, којшто им овозможува на host системите и на уредите целосно да го хибернираат SSD Serial ATA (SATA) интерфејсот и на овој начин да ја намалат потрошувачката на енергија на помалку од 5mW.
На TPS25942 eFuse напојувачкиот мултиплекс (MUX) има вклучена функција за блокирање којашто му овозможува на системот да направи избор помеѓу режимите на работа со не-идеалена диода и идеална диода.

Клучни зборови: