Рубрика: Аудио и видеотехника
"Кралството" на Tannoy
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Името TANNOY е добро познато, како на светскиот пазар, така и кај нас. Веројатно многумина од вас, почитувани читатели на списанието “ЕМИТЕР”, имале можност, а секако и желба, да видат, слушнат или поседуваат некој модел од овој реномиран производител. TANNOY е мошне стара фирма, ако не и една од првите за производство на звучни кутии. Оформена е во Шкотска, каде што се наоѓа и денес. За разлика од многу други големи компании, од најразлични области, кои своето производство го преселија во други краеви од светот каде што постои изобилство од евтина работна рака, TANNOY може да се пофали дека речиси целокупната своја програма ја реализира во својата матична земја. Само мал дел од професионалната палета се произведува во Канада, земја која исто така е позната по производи со бескомпромисен квалитет.

Компанијата никогаш не го променила сопственикот, иако памети мошне тешки периоди во своето долгогодишно постоење. Сепак поради својот квалитет, и мошне традиционална филозофија во дизајнот и звукот, останува најмаркантен претставник на Британската аудио индустрија. Традиционалниот дизајн, да не речам старовремски, односно класичен е одлика на TANNOY. Според масивните кабинети изработени од квалитетно дрво, украсени со резба и детали во рустичен и барок стил, можеме без двоумење да констатираме дека се работи за производ токму од оваа фирма. Толку се традиционални, па дури и самото име TANNOY можеме да го преведеме како “разгласна станица”, сосема во спротивност со новите фирми чии имиња се динамични, провокативни, па дури и со мала доза на мистика и возвишеност. 

Ако ова се однесува на постарите серии, никако не може да важи за новитетите, кои во последно време незадржливо пристигнуваат од оваа куќа. Чувствувајки ги потребите на пазарот од модерни производи, со солиден квалитет на репродукција, прифатлива цена и дизајн кој се вклопува во современите ентериери, се појавија неколку серии кои во целост ги исполнуваат овие барања. Гамата започнува со реизданието на MERCURY серијата, која своевремено го пробиваше патот за TANNOY во комерцијалната класа. Втората серија во хиерархијата е наречена c и до неодамна можеше да се купи и во некои наши продавници за аудио. Над неа се наоѓа Definition или D серијата која претставува премин од комерцијалната кон апсолутната класа. Значителниот број од оние кои сакаат да поседуваат звучник од оваа фирма, при што првите две серии им се премногу евтини, а последнава прескапа, ги натера конструкторите да влетаат во најжешкиот и воедно најслаткиот дел од пазарот. Плод на оваа взаемна желба е најновата серија под име Precision. Над D е традиционалната Prestige серија, со фамозните модели Westminister, Westminister Royal, Catenbury, G.R.F. Memory, Edinburg и најмалиот Stearling, за кого можевте да прочитате во некои од претходните броеви на “ЕМИТЕР”. Би го спомнал само уште самостојниот модел Churchil, кој се изработува во ограничен број, по специјална нарачка.

Високата класа на звучници од овој производител е позната по одличните звучни квалитети, особено со аналогни репродуктори и засилувачи со електронски цевки. Интересен е фактот, дека поради високата осетливост грдосија како Westminister Royal одлично функционира со висококвалитетен Single-ended засилувач од само 3-5W. Тоа е мошне добро, но е во спротивност со динамиката на дигиталната технологија и модерната музика. Свесни за оваа неминовност неодамна TANNOY ја претстави серијата во апсолутна Hi-End класа, по карактеристики, во секој сегмент, над престижната. Како што доликува, типично Теној-ски, ја нарекоа...... KINGDOM

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.