Рубрика: Аудио и видеотехника
Звучници Tannoy
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Звучници од Definition серијата на Tannoy

Самостојната пресметка и изработка на комплетен звучник е едно добро хоби за заинтересираните аматери (под услов да се користат Thiele-Small параметрите!). За жал, постои заблуда дека таков звучник секогаш е полош од готов, фабрички. Подобро е и да не знаете колку неквалитетни звучници и свртници се вградуваат во некои звучни кутии на некои познати фирми. Посебна приказна се тенките и невкрутени страници на кутиите, кои резонираат и при тивка музика. За среќа, постојат и познати фирми кои сериозно ги осмислуваат и изработуваат и најевтините модели во нивната производна програма. Една од тие фирми е британскиот Tannoy. Во овој текст ќе биде претставена целата Hi-Fi производна програма на Tannoy - сериите Definition, Profile, Prestige и PBM, со детални објаснувања за употребените технички решенија.

Во Лондон, во 1926 година инженерот G. R. Fountain пронашол нов тип на исправувач за наизменичен напон, изработен од тантал и од оловна легура. Продажбата одела многу добро, така што тој основал компанија за производство на тие исправувачи. Компанијата добила име Tannoy - комбинација од зборовите Tantalum (металот Тантал) и alloy (легура). Набргу G. Fountain почнал да експериментира со звучници, па во 1930 година успеал на јавен конкурс да добие договор за озвучување на еден објект. Од тогаш компанијата Tannoy целосно се свртела кон производство на звучници.

По Втората светска војна во многу студија за снимање биле поставувани Tannoy монитори, што било признание за нивниот квалитет. Во 1950 година под водство на G. Fountain бил креиран познатиот Dual Concentric принцип – коаксијално поставени високотонец и бас звучник. Овој систем станал препознатлив знак на Tannoy.

 

За овој текст беа користени проспектите на Tannoy, кои беа позајмени од продавницата “Аудиолог” во Скопје (ГТЦ - втори кат).

Клучни зборови:
Звучници од Definition серијата на Tannoy

Звучници од Definition серијата на Tannoy

Звучникот Canterbury 15 од Prestige серијата на Tannoy

Звучникот Canterbury 15 од Prestige серијата на Tannoy

Звучник од Prestige серијата на Tannoy

Звучник од Prestige серијата на Tannoy

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.