Уште пред петнаесетина години конструкцијата на дигиталните аудио системи им зададе главоболка на конструкторите, на почетокот поради големата цена и недоволно технолошки можности. Сепак, со текот на времето и развитокот на дигиталната техника, дигиталните аудио системи станаа наша реалност, со цена достапна до повеќето аудиофили, па така може да се направи споредба помеѓу аналогниот и дигиталниот систем. Дилемата почна. Согласно до технологијата и системот на работа CD репродукторите би требало да звучат идентично. Точно? НЕ!! Не се сите исти – некои се скапи, некои евтини, некои звучат добро, а други лошо. Притоа сум имал можност да слушнам евтин CD плеер што подобро звучи од CD плеер кој е неколкупати поскап. Значи оттука почнува дилемата дали CD плеерот е подобар од...