Рубрика: Електроника
Едноставен транзисторски засилувач
Автор: Александар Бабаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Проектот што го презентирам е погоден за почетници кои сакаат за прв пат да направат транзисторски засилувач со комплементарен пар на излезни транзистори. Овој засилувач го одбрав затоа што е доста евтин, а и сите делови можат да се најдат во продавниците за електронски делови, па дури и во домашните резерви од некој стар расклопен уред. Засилувачот работи во AB класа.

Откако ќе го склопите уредот приклучете го на напојувањето без влезен сигнал и без звучник на излезот. Измерете го напонот на позитивната електрода, тој треба да биде половина од напонот на напојувањето. Ако сè е воред и транзисторите не се загреваат значително, на влезот доведете сигнал, на излезот приклучете звучник (4, 8 или 16 ома) и ќр уживате во своерачната изработка.

Технички карактеристики:

Мирна струја Im:
• 5mA (при Ucc=24V/0,6A),
• 6,53mA (при Ucc=30V/0,75A),
• 8,8mA (при Ucc=40V/0,8A);
Осетливост Uvlref:
• 1,25V (при Ucc=24V/0,6A),
• 1,45V (при Ucc=30V/0,75A),
• 1,7V (при Ucc=40V/0,8A);
Излезна моќност (Prms при Rzv=4Ω):
• 7W (при Ucc=24V/0,6A),
• 10W (при Ucc=30V/0,75A),
• 12,5W (при Ucc=40V/0,8A);
АФК (-3; +0,2 dB): 30 Hz ÷ 60kHz;
Влезна отпорност Rvl: 22kΩ;
Однос сигнал-шум S/N: 90 dB;
Изобличувања THD при 0,8Prms на 4Ω: 0,08%

 
Главни елементи и материјали:

Транзистори: BC109C (BC107, 108, 547, 548, 549...); BC177 (BC238, 557, 558, ...); BD139 (BD137, 135); BD140 (BD138, 136)
соодветни отпорници, диоди (види напис)
ППК (види напис)
соодветни ладилници
материјал за монтажа

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.