Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во најново време сè повеќе се актуализира трендот возилата да се опремуваат со детектор за растојание уште при нивната фабрикација, како превентивна мерка, особено корисна при возење во “рикверц” кога просторната прегледност кон назад е мала – на пример, при паркирање на возилото било во сопствената или во некоја од градските катни гаражи. Во овој напис ви нудиме самоградба на таков склоп, кој можете сами да го изградите и да го монтирате на вашето возило.
Телеметријата, или електронското мерење на растојанието со примена на ултразвучна метода има многу индустриски и практични апликации коишто ние можеме да ги сретнеме во нашето секојдневие, на пример, при управување моторно возило во “рикверц”, кога вообичаено постои помала прегледност за растојанието до некоја препрека зад автомобилот – при паркирање во сопствената гаражата или во некоја од градските катни гаражи. Во такви случаи, од голема полза ќе ви биде уредот “детектор на растојание”, кој прецизно ќе ве известува визуелно и звучно за растојанието до препреката при приближување на автомобилот во “рикверц”. Еден таков ефикасен уред можете да изградите и самите според упатството во овој напис. Уредот се состои од 2 сегмента – едниот се монтира на задниот браник на возилото, а другиот внатре во возилото на прегледно место, близу воланот. Со тоа ќе имате целосна контрола во управувањето на возилото и кон назад, иако во тој случај видливоста е ограничена.
Методата се заснова на принцип на емитување импулси на ултразвучна фреквенција од околу 40 kHz, наполно нечујна за човечкото уво, и прием на ехото од импулсите, коешто се рефлектира од некоја препрека, се разбира ако ја има. Брзината на простирање на звучните бранови во воздух изнесува 343 m/s, па со прецизно електронско мерење на времето потребно емитираниот ултразвучен импулс да стаса до препреката и неговото ехо да се врати, лесно може да се детектира оддалеченоста на препреката. На овој “радарски” принцип се ориентираат и лилјаците.
Склопот којшто ви го предлагаме за самоградба ќе ве известува за растојанието до препреката со вообичаената класична 3-бојна сигнализација, со 3 разнобојни LED-диоди, зелена, жолта и црвена, аналогно како сигнализацијата кај семафорите. Активирање на зелената LED-диода сигнализира безбедна оддалеченост од препреката, жолтата LED-диода ја сигнализира фазата на приближување на возилото кон препреката и, конечно, црвена LED-диода сигнализира критично блиско растојание до препреката, всушност сигнал за “стоп” во натамошното приближување.
Ултразвучен трансдуктор MS-EZ1;
ИК: LM324, CD 4001, TIL111;
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.