Рубрика: Електроника
Видео засилувач
Автор: Слаѓан Митиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога преснимуваме некој видео материјал од една касета на друга, квалитетот на сигналот во значителна мерка се намалува. Овде ќе ви прикажеме засилувач кој битно ги намалува загубите при преснимувањето, а исто така може да служи и за умножување на касети, бидеќи овозможува од еден извор (плеер) да се снима на четири рекордери, без да се изгуби од квалитетот.

Главен критериум за квалитетот на видео снимката е неговата резолуција (дефинираност), односно јасност на сликата, што е во директен сразмер со ширината на фреквентниот опсег на снимениот сигнал. При секое преснимување битно се смалува опсегот на снимениот сигнал, што зависи од квалитетот на уредот за преснимување. Ова смалување на фреквентниот опсег е посебно изразено на високите фреквенции (се намалува нивото на високо фреквентните сигнали). Уште една причина за лошите копии е и смалувањето на нивото на модулација, што е најмногу изразено кога повеќе рекордери (или рекордер и телевизор-монитор) се приклучени на излезот од уредот за репродукција. Наједноставно решение би било, да ја зголемиме осетливоста на рекордерот, но за жал тоа тешко се изведува кај стандардните уреди. Исто така може да дојде до премодулирање, што предизвикува несакани ефекти на сликата. Засилувачот кој ќе го прикажеме обезбедува независна контрола и на нивото и на засилувањето на ВФ компонентите на сигналот. Исто така има четири независни излези на кои можат да се приклучат четири рекордери, без видливи губитоци на сигналот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.