Рубрика: Електроника
Електронска телефонска секретарка
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Готовата електронска телефонска секретарка сместена во модул од стаклопластика

Секој ја увидел потребата од уред кој и во наше отсуство ќе ги прима телефонските повици, како би можел во динамиката на живењето да биде во контакт со своите пријатели и соработници, не пропуштајќи важни информации.

Ваков електронски уред, популарно наречен "телефонска секретарка", се појавил во продажба во раните седумдесетти, но поради високата цена бил недостапен секому. Тогашните уреди биле големи, со два касетофони, кои учествувале во примањето и одговарањето на пораките. Покасно, наместо два касетофони бил користен еден, односно двата трага од магнетската лента, едниот за отчитување на пораката од сопственикот, а другиот за снимање на пораките од телефонските јавувања, со помош на авто-реверс касетофон. Автоматот што ќе го опишам, изграден е пред осум години, а користи само еден класичен касетофон за снимање на пораките од јавувањата.

Телефонската секретарка е изградена од пет други модули кои овозможуваат автоматско одговарање на телефонските јавувања и нивно снимање: 1. временски модул; 2. бројач на телефонските јавувања; 3. релејна единица; 4. напојувачка единица; 5. Мемориски модул.

Изработените мемориски (лево) и временски (десно) модули

Целиот уред е сместен во кутија од стаклопластика заради постигнување на визуелна атрактивност. Оставете малку слободно место за евентуално дополнување на уредот со нова технологија (читајте и понатаму ЕМИТЕР wink)

Незаменлива награда за успешно изградениот уред, ќе ви биде задоволството што ќе ко доживеете кога ќе го повикате сопствениот телефонски број и кога вашата електронска телефонска секретарка ќе ви одговори: "Го добивте телефонскиот број... станот на... Во наше моментално отсуство Ви одговори електронски автомат... Оставете порака"

Клучни зборови:
Готовата електронска телефонска секретарка сместена во модул од стаклопластика

Готовата електронска телефонска секретарка сместена во модул од стаклопластика

Модулот за дигитално снимање и репродукција на снимениот говор

Модулот за дигитално снимање и репродукција на снимениот говор

Изработениот прототип на временскиот модул

Изработениот прототип на временскиот модул

Бројачот на телефонски јавувања

Бројачот на телефонски јавувања

Изработениот прототип од релејната единица

Изработениот прототип од релејната единица

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.