Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој алармен уред има едноставна конструкција и е евтин за изработка, погоден за сите вљубеници во уреди за самоградба. Со овој алармен уред се обезбедува заштита на објекти од непознати лица во една зона кои имаат ниско ниво на сигурност. Основното коло на овој уред е CMOS интегрираното коло CD4060 кој претставува бинарен бројач. Со него се обезбедува еднакво време на влезно и излезно доцнење од 30-40 секунди и време на активност на алармот од 15-20 минути.
За заштита на станбените објекти или деловните простории од провала или спречување на неовластено влегување во објектот се користат најразлични алармни уреди или алармни централи. При проектирањето на алармните уреди нивното делување е поделено во зони во зависност од степенот на сигурносниот ризик. Доколку сакаме да обезбедиме објект со низок сигурносен ризик можеме да употребиме едноставен и евтин алармен уред за самоградба реализиран со CMOS дигиталното интегрирано коло CD4060.
Изработениот прототип на алармниот уред со ИК CMOS 4060
ИК 4060 работи како бинарен бројач. Броењето започнува автоматски со вклучување на алармот на напојување. Најнапред бројачот брои до 8. Сè додека брои до 8 алармот не е активен. Времето за кое бројачот ќе изброи до 8 се нарекува излезно доцнење. Откако бројачот ќе изброи до 8 тој паузира, излезното доцнење е завршено и алармот е подготвен за дејство. Со прекинување на јамката (отварање на рид прекинувачите) алармот ќе се активира. Зујалката почнува да свири и бројачот продолжува да брои од 8 до 16, што го претставува влезното доцнење. Пред да изброи бројачот до 16 можеме да го исклучиме алармот. Доколку алармот не е исклучен пред да изброи бројачот до 16, релејот ќе се побуди и ја вклучува сирената. Додека сирената свири бројачот продолжува да брои и кога ќе стигне до 256 броењето прекинува, релејот не е повеќе побуден и сирената престанува да свири. Алармот не може повторно да биде активиран сè додека бројачот не се ресетира.
Сите детали за самоградба на овој аларм се дадени во Емитер број 205.
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
ИК: CD4060
Тиристор: TIC106D
Рид прекинувачи
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.