Емитер 12/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Имајќи го предвид фактот дека голем дел од читателите (а посебно електроничарите почетници), се интересираат за вакви склопови решивме да изработиме проект кој доста успешно го имитира пеењето на птиците. Не сме сигурни точно кој вид птица имитира, но во секој случај звукот е многу интересен. Вообичаена примена на ова коло е како ѕвоно за влезната врата, но со малку фантазија можете да го искористите и за други функции.
Уредот не е многу едноставен, но неговата практична изведба ќе ве увери во неговата едноставност. Се состои од три осцилатори и еден декаден бројач.Осцилаторите се астабилни мултивибратори и секој од нив е изграден со по два инвертора.
Кога овој уред се користи како ѕвончем како трансформатор се користи трансформаторот од ѕвончето. Оваа конструкција овозможува ѕвончето да ѕвони неколку секунди (зависно од тоа каков звучник се користи) по пуштањето на тастер прекинувачот. За да ѕвони ѕвончето подолго бреме кможе да се зголеми вредноста на кондензаторот.
Пред уредот да се вклучи во работа потребно е визуелно да се прегледа, а потоа ако сè е во ред да се вклучи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.