Рубрика: Електроника
Електронска шаховска табла
Автор: Дејан Пејчиноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 205 - 11/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електронските шаховски табли се користат на сите позначајни турнири, вклучително и во Македонија. Тие нудат пренесување на шаховските партии во реално време, нивна анализа и зачувување на одиграните потези во дигитален формат. Изработената електронска шаховска табла се базира на RFID технологија. Имплементацијата со овој тип на технологија диктира користење на уникатен RFID таг за секоја од 32-те фигури и RFID читач под секое од 64-те полиња. Позицијата на фигурите се чита систематски со резолуција од 3 секунди, по што истата се испраќа преку Wi-Fi до компјутер, каде софтверски се процесира за изнаоѓање на одиграниот потег. Софтверска програма (напишана во програмскиот јазик Python) нуди графички интерфејс на кој во реално време се прикажува позицијата на фигурите и анотацијата за одиграните потези.

Во шаховска партија која се игра на официјален турнир (без притоа да се користи електронска шаховска табла), потребно е двата играчи на лист наменет за пишување потези да ги запишуваат одиграните потези, и своите и тие на противникот. За секој одигран потег има единствена анотација регулирана од Светската шаховска федерација – FIDE, според која се запишуваат сите потези од партијата. На пример, кога белиот би го одиграл пешакот пред својот крал за две полиња тоа би било запишано како ‘e4’, црниот потоа може да возврати со играње на коњот на полето ‘f6’, а нотацијата за соодветниот потег би била ‘Nf6’.

Откако партијата ќе заврши, листот со потези се предава до судијата, а еден примерок (дупликатот) се задржува за себе за понатамошни анализи. Судиите на секој официјален турнир се должни електронски да ги внесат партиите во интернет база на податоци и тоа го прават така што го земаат секој лист со потези и рачно ги играат потезите со помош на глувче. Откако ќе ги одиграат сите потези кои се запишани на листот, пар­тијата може да се внесе во база на податоци.

Доколку се работи за една партија, можеби и десет, ова воопшто не изгледа сложено, но често шаховските турнири имаат и по 100 – 200 натпреварувачи, па бројот на одиграни партии расте сразмерно со тоа. Дополнително, турнир нема да е турнир доколку не се играат повеќе кола, со што бројот на одиграни партии т.е. бројот на листови со потези драстично се зголемува. Правејќи го ова за 10 партии е непосакувано за секој судија, а да не зборуваме за турнир со 100 партии и 9 кола, што е честа појава.

Тука настапуваат електронските шаховски табли.

 

Прикажаниот проект е скратена верзија од дипломскиот труд на авторот одбранет на ФЕИТ – Скопје. Повеќе слики и видеопрезентација од проектот може да најдете на веб-страницата од овој напис на порталот на ЕМИТЕР

Главни елементи и материјали:

RFID читачи RDM630
Микроконтролери STM32F030P4
Микроконтролер ESP8266

 
Демонстрација на работата на електронската шаховска табла
Клучни зборови:
Решенија за поставеност на RFID читачите

Решенија за поставеност на RFID читачите

Slave и master MCU

Slave и master MCU

Временски одѕив

Временски одѕив

Приказ на модулацијата

Приказ на модулацијата

Комуникација и дебагирање

Комуникација и дебагирање

Комуникација и дебагирање

Комуникација и дебагирање

Комуникација и дебагирање

Комуникација и дебагирање

Краен производ

Краен производ

Краен производ

Краен производ


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.