Рубрика: Аудио и видеотехника
Теохаров аудио – високо „Ц”
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сметајќи дека во нив нема некои големи подобрувања, планирав да направам само краток осврт на освежената серија од пасивните звучнички системи од линијата „Ц”. Но, кога Теохаров ме запозна со некои конструктивни детали, падна договор за подолго слушно тестирање. По низа одлагања, едно утро на моја адреса пристигна пар звучници C Reference со кои поминав речиси цел месец. Па, еве ги впечатоците и резултатите од оваа дружба...

Во изминатиов период видов толку текст, фотографии и информации за Теохаров аудио, што навистина се борев со дилемата дали на читателите на Еми­тер им е потребен уште еден осврт на портфолиото на овaa нашa надежнa high-end аудио мануфактура.

Идејата беше да се направи осврт на технолошки освежената линија на звуч­ници од топ-рангот на Теохаров, односно пасивните звучнички системи од лини­јата „C" (Ц). Неуморниот дух и инвентив­ност на одговорниот конструктор во Теохаров повторно го подигнаа и онака високиот критериум за квалитет на се­ри­јата Ц, а тој не штедејќи се, мошне живописно ми ги пренесе своите импре­сии за многубројните унапредувања нап­ра­ве­ни со последната едиција на прес­тиж­ната серија која е составена од три модела, сите двосистемски, со една или две мид-бас единици и соодветна висо­ко­тонска единица, сè од престижната серија Илуминатор на данскиот произво­дител Scan Speak.

Навидум сè е како и претходно, но тука почнува да се расплетува приказ­ната за унапредениот дизајн на свртни­ците и повисокото ниво на употребени делови во нив (Janzen Superior/Silver Z-Cap кондензатори, на пример), унапредени звучнички терминали, ексклузивен сет на елементи за декуплирање од подот од Viablue, повисоко ниво на завршна обра­бот­ка итн... Аха... интересно, но не нео­че­ку­вано, иновативно, ништо ново под сонцето, особено не од Веселин кој во секоја пригода не пропушта да нагласи дека врвниот квалитет и бескомпро­мисен дизајн на уредите е императив на Теохаров.

И тогаш, б-у-у-м: „... знаеш, кабинет­от е асиметричен (за сите модели од серијата Ц) и нема ниту една паралелна страна, но во новата серија е направен од сендвич од три композитни матери­ја­ли, односно соединет HDF и ORNAMAXTM  со композитна фолија, внат­ре е матрична решетка. На тој начин резонантна фреквенција на кабинетот е околу 1 Hz...” Полека, полека...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.