Емитер 12/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Добро е познато дека квалитетот на музичката репродукција во станот зависи од три одлучувачки елементи, односно чинители: електрични, механички и акустички. Сите тие имаат еднаква важност и на секој од нив мора да му се посвети еднакво внимание ако се сака што поточно повторно да се креира содржината на музичкото дело во собата. Нерамномерноста во пристапот ќе се врати како нерамномерност на музичката репродукција. За корегирање на аномалиите на собната акустика се грижи и познатата фабрика RoomTune. За некои од нивните производи и методи пишувавме во минатиот број, а за останатите можете да прочитате во текстот што следи.
Сите досега наведени работи се насочени кон елиминација или намалување на напливот на акустички предизвиканите вибрации. Меѓутоа во собата не вибрира само воздухот. Секоја компонента, секој нејзин отпорник, кондензатор, трансформатор, куќиште, секоја кутија, свртница и звучничка единица, секој транспортен систем, мотор... сите тие почнувааат да вибрираат кога низ нив ќе помине електричен сигнал или енергија од акустички сигнал кој настанува од него, преку звучничкиот систем. Целиуот аудио систем делува, всушност, како заплеткана мрежа од вибрации, како своевиден лавиринт од резонанции низ кои аудио сигналот мора да помине со колку што е можно помалку гребнатини. Единствен начин да се сопрат вака настанатите вибрации е да се стабилизираат резонанциите и да им се создаде механички пат по кој повеќето ќе бидат заземјени (спроведени во подот и понатаму во земјата). Со одведувањето на вибрациите во подлогата и со нивното исчезнување ќе ја снема и значајната препрека на патот на аудио сигналот кој крајната точка на својот пат, увото на слушателот, ќе ја достигне без одвреме навреме да се залетува во некоја Сцила и Харбида и да се оштети, не ретко и до непрепознатливост.
За тоа како да се слиминира влијанието на вибрациите на уредите за репродукција на аудио сигнал се кршат копјата на стручњаците уште од почетокот на 80-тите, кога расправата, до тогаш само академска, од затворените аудиокругови се пренесува на страниците на аудио списанијата и станува јавен проблем кој треба да се реши.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.