Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Компјутерски звучници Genius SP-HF 1250B
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На интернет постојат бројни страници и форуми преполни со мислења, рецензии (review) и тестови за разни уреди, најчесто напишани од нестручни поединци кои си одлучиле јавно, пред цел свет, да го објават своето незнаење. Иако понекаде може да се налета и на некои светли примери, најчесто станува збор за комплетни дезинформации, ненамерни или намерни. Така, еден особено испофален производ на интернет се активните компјутерски/мултимедијални звучници Genius SP-HF 1250B. Во една пригода ги слушнав и воопшто не се воодушевив, но сепак забележав дека постои можност за големо подобрување со едноставни и евтини модификации. По малку занимавање со нив, можам да кажам дека многу сум задоволен од резултатот на модификацијата што ја направив. Верувам дека сите, влучувајќи ја и самата фабрика Genius, ќе се изненадат колку добри звучници всушност можеле да бидат SP-HF 1250B!

Изглед на звучниците Genius SP-HF 1250B без предната маска

Компјутерските (PC, multimedia) звучници најчесто не можат да се пофалат со добар звук, но сепак, многумина ги употребуваат наместо hi-fi звучници, во заблуда дека се доволно добри за таа намена. Сличен тренд подолго време се забележува и кај преносните уреди (смартфони и сл.) – за репродукција на инфериорните MP3 снимки често се користат уште полоши, евтини слушалки. Не е ни чудо што сегашните помлади генерации воопшто немаат претстава што е тоа добар звук.

Постојат две различни конфигурации на компјутерски (мултимедијални) звучници – стерео пар и сабвуфер со сателити. Поскапите модели во конфигурација на еден стерео пар активни звучници располагаат со бас/среднотонец од 4 инчи (100 mm) и високотонец. Кај поевтините модели нема високотонец, а единствениот широкопојасен звучник има дијаметар од само 3 инчи (76 mm) или помал, а следствено на тоа значително помала можност за репродукција на најниските тонови. Заеднички за сите е лошиот квалитет на ниските тонови, што се манифестира како матно бучење со продолжено времетраење, наместо чист, отсечен и цврст удар на бас-тапанот (kick).

Измерена АФК на звучникот, во соба, на далечина од 2 метри, во оската на високотонецот, со дампирана кутија (лево). Измерена АФК на звучникот со модифицирана свртница под хоризонтален агол од 30 степени, со дампирана кутија (десно).

Единствен исклучок од тоа правило беа звучниците од серијата YST на Yamaha, како што најдов во тестот на мултимедијални звучници во ЕМИТЕР 6/1999 и 7-8/1999. За жал, Yamaha го напушти тој сегмент и веќе не произведува компјутерски звучници. До ден-денешен не сум слушнал толку добар бас од некој друг производител на мали компјутерски звучници. Звучниците Genius SP-HF 1250B го немаат квалитетот на басот на Yamaha YST, но затоа модификацијата прикажана во овој напис ќе ги претвори во солидно квалитетни звучници за евтини пари.

Клучни зборови:

Поглед во внатрешноста на звучникот Genius SP-HF 1250B

Изглед на звучниците Genius SP-HF 1250B

Изглед на звучниците Genius SP-HF 1250B без предната маска

Изглед на звучниците Genius SP-HF 1250B од задниот дел

Измерена АФК на звучникот, во соба, на далечина од 2 метри, во оската на високотонецот, со дампирана кутија.

Измерена АФК на звучникот со модифицирана свртница под хоризонтален агол од 30 степени, со дампирана кутија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.