Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Правењето звучни кутии со сопствени раце е поврзано со многубројни тешкотии – треба да имате добри познавања од аудиотехниката и соодветен алат и знаење од областа на столарството, а сето тоа заедно не се среќава така често. Сум имал можност да видам многу неуспешни обиди на ентузијасти, чии звучни кутии завршиле во облик на нефункционални Франкенштајн крпеници, а не е мал бројот и на оние кои се обратиле кај некој мајстор-столар, со слични резултати. Едноставно кажано, плакар и звучна кутија се потполно различни градби и бараат различни мајстори, со поинакви знаења и умеења. Од друга страна, постојат и интелигентни идеи за градба на звучна “кутија” кои не бараат специјален алат или столарско знаење. За овој проект го смислив наједноставното можно решение – целата звучна “кутија” е една обична ПВЦ цевка со дијаметар од 125 мм, без никакви дополнителни делови! Овој проект, колку што ми е познато, претставува прв и единствен пример во светот за наједноставната и најевтината можна двопојасна (two-way) звучна “кутија”. Притоа, нема некој голем компромис со квалитетот на звукот, бидејќи е употребен принципот на трансмисиона линија (Transmission Line - TL), конструкција што е особено ценета кај аудиофилите.
Правилниот начин на проектирање (дизајнирање) на звучни кутии од видот на бас-рефлекс и на затворени (компресиони) кутии бил објавен првпат во 1971 и 1972 година (Neville Thiel и Richard Small), додека трансмисионите линии (TL) биле разработени дури во 1999 година (George Augspurger) и 2000 година (Martin J. King). Интересно е што George Augspurger и Martin J. King, независно еден од друг, дошле до идентични резултати, иако користеле потполно различни теоретски модели. После нивните анализи, консензусот во научната заедница е дека сите звучници од типот на трансмисиони линии пред 1999 година биле неоптимално, па дури и потполно погрешно конструирани! Само по појавата на истражувањата од претходно наведените двајца експерти било овозможено правилно проектирање на TL звучните кутии. За жал, на пазарот с# уште постојат примери на лошо проектирани TL звучни кутии, некои од нив и по цена од неколку десетина илјади евра!
Јас го дадов мојот придонес во едуцирањето на аудио ентузијастите со текстовите објавени во ЕМИТЕР 5/1995 („Компресиони звучни кутии”) и ЕМИТЕР 1, 2, 4 и 6/1998 („Бас-рефлекс звучни кутии”), кадешто за првпат на македонски јазик беше објавена постапката за правилно проектирање звучни кутии со помош на Thiele-Small параметрите на звучничките единици (нискотонците). Правилното проектирање на TL звучните кутии повторно подразбира неопходна употреба на Thiele-Small параметрите, но за разлика од затворените и бас-рефлекс кутиите, тоа не може да се постигне со помош на едноставни формули и табели (иако постојат некои табели за приближно проектирање), туку мора да се користи специјализиран софтвер за тоа. Така, тогаш јас, без двоумење, веднаш го купив софтверот TLwrx од George Augspurger и почнав да проектирам TL звучни кутии... за повторно да се уверам, по милионити пат, дека проектирање звучник претставува деликатен баланс на компромиси кој паѓа на товар на проектантот (човекот), а не на софтверот (машината)! Јас досега објавив во ЕМИТЕР четири проекти за TL звучни кутии и секој од нив можеше да биде подобар... ако се откажев од некои неопходни компромиси. Слично, и за овој проект ќе направам некои компромиси, за да се добие минимална цена и максимална можна едноставност на конструкцијата.
Исправка: Во описот на сликата 9 и во текстот на страница 49 лево долу погрешно е наведен називот Timpani – тој треба да се смени со називот TNT-10PA (ЕМИТЕР 7-8/2011).
ниско/среднотонец 130 mm/ 5,25" )*
високотонец 50 mm )*
PVC цевка од 125 mm
материјал за дампирање
* звучниците може да се набават од Аудио Експерт
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.