Емитер 10/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ја продолжуваме нашата серија на потполно оригинални проекти за градба на звучници. Овој пат предизвикот беше поголем, бидејќи не ни беа познати Thiele-Small параметрите на звучниците кои сакавме да ги употребиме. Во каталогот не беа наведени параметрите, а нив никако не можевме да ги добиеме од произведителот, и покрај бројните обиди. Причината што толку запнавме за овие звучници е нивната многу ниска цена и тоа што можете да ги купите во Скопје. Станува збор за звучниците Simsonik SW 820 B. Пречникот им е 20 cm, музичката моќност 120 W, а импедансата 8W.
Се надеваме дека досега успешно ги запознавме читателите на ЕМИТЕР со единствениот можен начин за пресметка на звучните кутии - со употреба на Thiele-Small параметрите. Текстовите кои досега се објавени: "Компресиони звучни кутии" во ЕМИТЕР бр. 5/95, "Пасивни свртници за звучни кутии" во Емитер бр. !-2/96 и 3-4/96 и проектите "PA loudspeaker TNT 10/200" во ЕМИТЕР бр. 5-6/96 и "Hi-Fi monitor Monarch 7" во ЕМИТЕР бр. 7-8/96 ви даваат доволно информации за да направите сосема коректни звучници. И не само тоа - скоро сите "стручњаци" кои изработуваат и продаваат звучни кутии знаат многу помалку од она што го пишува во овие текстови. Се разбира, нема ништо лошо во тоа некој да изработува звучни кутиии според нацрти од некои списанија или според фабрички нацрти, под услов во нив да ги вградува оригиналните звучници и свртници. За жал, многу често се случува да бидат вградувани неадекватни звучници. Професионалноста, едуцираноста и компетентноста во областа на звучниците се вистинска реткост на нашиве простори. Аудио техниката е сериозна наука, која бара големо знаење и константно следење на стручната литература (списанијата за Hi-Fi не се тоа!). Тоа значи дека малите тајни на големите мајстори на аудио техниката засекогаш ќе останат големи тајни за малите аматери. За утеха - и на познатите произведители на звучници им се случуваат грешки, па и големи промашувања, и покрај тоа што располагаат со изгор скапа опрема, толпа инженери и вагони стручна литература.
Бас-среднотонец; Simsonik SW820
Високотонец; Simsonik YDQG5-1
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.