Ја продолжуваме нашата серија на потполно оригинални проекти за градба на звучници. Овој пат предизвикот беше поголем, бидејќи не ни беа познати Thiele-Small параметрите на звучниците кои сакавме да ги употребиме. Во каталогот не беа наведени параметрите, а нив никако не можевме да ги добиеме од произведителот, и покрај бројните обиди. Причината што толку запнавме за овие звучници е нивната многу ниска цена и тоа што можете да ги купите во Скопје.
Во минатиот и во овој број на ЕМИТЕР одлучивме да ви дадеме преглед на сите можни видови на звучни кутии, со објаснувања за нивните позитивни и негативни страни. Верувам дека на друго место нема да најдете волку сеопфатен преглед, особено во поглед на влијанието на Thiele - Small параметрите за секој вид на звучна кутија.
Овие денови, во некои краеви на Македонија, актуелна е потрагата по закопано благо, а златната грозница има се повеќе следбеници. Специјално за нив објавуваме еден едноставен, евтин и многу осетлив метал детектор.
CD плеерот денес е најраширен извор на звук. Ваквиот негов подем се должи како на несовршеноста на аналогните грамофони, така и на големата кампања на неговите производители, од неговото појавувње на пазарот, па се до денес.
Многу почетници не се осмелуваат да изработат засилувач со поголема моќност плашејќи се дека нема да успеат поради сложеноста на таквите уреди. Меѓутоа денешните интегрирани кола овозможуваат едноставна конструкција и на засилувачи со поголема моќност.
Читателите на "ЕМИТЕР" имаа можност да се запознаат и да направат квалитетни проекти од областа на аудио-техниката објавени во минатите броеви на списанието. Но, иако електронските компоненти можат да бидат многу квалитетни, а степените од засилувачите и звучниците квалитетно изработени, сепак постои можност тие да работат неправилно и да бидат оштетени.
Универзален ограничувач на дисипираната моќност кај сериските стабилизатори според оригинална идеја на Bernhard C. Zschocke.
Моќноста дисипирана на излезниот транзистор кај сериските стабилизатори на напон во практиката се покажува како ограничувачки фактор. Имено таа освен од излезната струја зависи и од падот на напон на серискиот транзистор. Токму овој ограничувач на дисипирана моќност нуди едно интелигентно решение на гореспоменатиот проблем.
Да, компјутерите комуницираат. Човекот ќе направи се за да им ја олесни и забрза комуникацијата. Човекот не треба да ги користи "жиците" наменети за компјутерите. Затоа треба да му се забрани пристапот кон телефоните и другите врски за пренос на информации. Но прочитајте го тектот што следи и ќе видите дека не е баш така.
Електричното коло претставено во овој напис многу веродостојно може да се употреби како замена за зенер диода. Покрај тоа, ова коло има и предност во однос на зенер диодата, бидејки со него можат да се добијат различни зенерови напони.
PC радио приемна карта;
Професионална мерна опрема од Hewlett Packard;
Пластични светла;
Скопметар Fluke 105;
1 GHz транзистор;
Lexicon PCM 90;
VS - 880 - Digital studio workstation;
KOSS 3D слушалки