Емитер 10/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да, компјутерите комуницираат. Човекот ќе направи се за да им ја олесни и забрза комуникацијата. Човекот не треба да ги користи "жиците" наменети за компјутерите. Затоа треба да му се забрани пристапот кон телефоните и другите врски за пренос на информации. Но прочитајте го текстот што следи и ќе видите дека не е баш така.
Под мултимедиална информација обично се подразбира информација која содржи слика и тон. Главната карактеристика на овие информации е тоа што тие се временски осетливи, т.е. малите задоцнувања пореметуваат многу. Овие задоцнувања се присутни кај системите со пакетна комутација, кај кои што сите пакети од една информација не пристигнуваат едновремено. Ова се случува поради тоа што многу често пакетите патувуваат по различни патишта. Така звукот кај приемникот може да биде неразбирлив и да делува иритирачки врз сетилата. Друга важна карактеристика на овие информации е дека тие се многу долги (за пренос на некомпримирана слика потребни се околу 30 Mbps) што значи дека за нив се потребни канали со големи брзини.
Што станува со Интернет, најхетерогената мрежа која може да се замисли? Како овде би се имплементирале опциите за пренос на мултимедиа информации? Одговорот на ова прашање го дава IETF - Internet Engineering Task Force. Одговорот се вика RSVP-Resource Reservation Protocol. Овој протокол работи на тој начин што идниот приемник на информацијата поставува “прашања” на рутерите кои се наоѓаат на патот по кој ќе се пренесува информацијата. Од одговорите приемникот добива информација кој е максималниот квалитет на услуга кој може да го добие. Откако ќе го пронајде QoS, приемникот им “наредува” на рутерите да го одржат бараниот QoS во текот на трансмисијата. Предноста на овој протокол е во тоа што тој “лежи” над IP и работи се додека IP е под него.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.