Емитер 10/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатиот и во овој број на ЕМИТЕР одлучивме да ви дадеме преглед на сите можни видови на звучни кутии, со објаснувања за нивните позитивни и негативни страни. Верувам дека на друго место нема да најдете волку сеопфатен преглед, особено во поглед на влијанието на Thiele - Small параметрите за секој вид на звучна кутија.
Во ова второ продолжение говориме за bandpass кутиите, coupled cavity, acoustimass кутијата, acoustic wave cannon, трансмисионата линија (TL), експоненцијалната хорна и електроника+кутија
Пред да навлезат во проблематиката на читателите им препорачувам прво да го прочитаат текстот "Компресиони звучни кутии" во ЕМИТЕР бр. 5/95, каде (за прв пат во Македонија, а и пошироко) е дадена постапката за пресметка на компресиони звучни кутии со помош на Thiele - Small параметрите, како и сите потребни совети за практична изведба.
Заради пропуст на авторот, во минатиот број на ЕМИТЕР беше испуштена една варијанта на звучна кутија во поглавието Coupled cavity. Тоа е кутијата прикажана на слика 1. Волуменот Vb1 е бас-рефлекс кутија. Амплитудата на тоновите под долната гранична фреквенција опаѓаат со 24 dB/октава. Ваков тип на кутија употребува британската фирма KEF во својот звучник Reference model four.
Една визуелно интересна варијанта на бас-рефлекс кутија со пасивна мембрана е Flex-Tube на американската фирма SoundTube, прикажана на слика 3. Цевката од која е направена скоро целата "кутија" е флексибилна и се однесува како пасивна мембрана. Бас-звучникот и среднотонецот се свртени нагоре и овозможуваат хоризонтална дисперзија на звукот од 360°.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.