Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Подобрување на звучникот Ei HSR 140 (2)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во второво продолжение од оваа серија ќе ја преправаме звучната кутија Ei HSR 140, од затворена (компресиона) во бас-рефлекс. Заедно со модифицираната свртница од минатиот број на ЕМИТЕР, на овој начин се добива сензационално подобрување на легендарниот југословенски звучник Ei HSR 140.

Уште пред 15 години имав намера да направам подобрување на звучникот Ei HSR 140, но никако не можев да најдам барем еден целосно исправен примерок. Секогаш најмалку две од трите звучнички единици беа толку уништени (најчесто нискотонецот и високотонецот), што поправката не можеше да ги врати ни приближно во оригиналната состојба (во тоа време веќе немаше во продажба оригинални резервни делови). Така, никогаш немав вистински објективна (измерена), комплетна слика за перформансите на овој звучник. Со професионалниот уред за аудиомерења CLIO редовно ги мерев Thiele-Small параметрите на нискотонските звучници од моделот Ei HSR 140 што ќе ми дојдеа под рака, но бидејќи поправените (премотувани) нискотонци секогаш имаат изменети Thiele-Small параметри, не можев со сигурност да ги одредам оригиналните параметри. После повеќе измерени примероци, на крајот мислам дека сепак успеав да одредам некоја средна вредност и со голема сигурност да тврдам дека измерените карактеристики на звучникот Ei HSR 140 што ги прикажувам во оваа рубрика се типични за овој модел. Со големо задоцнување (подобро некогаш, отколку никогаш) направив модификација на звучникот Ei HSR 140, со која ќе добиете неверојатно подобрување на неговиот звук.

Повик до читателите на ЕМИТЕР
Имате направено звучници, по свој или по нечиј друг нацрт? Дали сте сигурни дека сте го добиле очекуваното/посакуваното? Сакате да бидете сигурни какви се перформансите на вашиот звучник? Донесете ни ги на бесплатно мерење со професионалниот уред за аудиомерења CLIO. Исто така, ќе добиете бесплатни совети за евентуално подобрување на вашите звучници. Најдобрите проекти ќе бидат наградени со полугодишна претплата на ЕМИТЕР!

Клучни зборови:

Преправка на звучната кутија Ei HSR 140 во бас-рефлекс.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.