Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Jamo Cornet 40 IV
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пеце Јовановски не беше задоволен од квалитетот на звукот од своите звучници Jamo Cornet 40 IV и ми постави прашање дали може да се добие подобар звук од оној што го направила фабриката. Се разбира дека може. Секогаш. Така Пеце ми ги донесе своите звучници на лабораториски испитувања и оперативен зафат.

Компанијата Jamo е најголемата фабрика за звучници во Европа, која произведува голем број на различни серии и модели, за сите вкусови и намени. Но, сепак, тестовите во специјализираните Hi-Fi  странски списанија не беа нешто многу благонаклоно расположени кон Jamo, давајќи просечни до лоши оценки за скоро сите нивни модели (прочитајте го слепиот слушен тест во ЕМИТЕР 5/97), со чесен исклучок на неколку модели и особено на нивните најскапи звучници Concert 11 и Concert 8 (прочитајте го слепиот слушен тест во ЕМИТЕР 7-8/97).

Звучникот Jamo Concert 40 IV е мала бас-рефлекс кутија со димензии 320 x 195 x 215 mm, со многу добар дизајн (вообичаено за сите кутии на Jamo), облепен со успешна пластична имитација на фурнир со убава црвено-костенлива боја. Предната и задната плоча од кутијата се направени од иверка дебела 20 mm, додека бочните, горната и долната плоча се од медијапан дебел само 10 mm, без дополнителни внатрешни вкрутувања. Бас/среднотонскиот звучник има номинален пречник од од 14 cm и мембрана од импрегнирана хартија. Овој бас/среднотонски звучник им е познат на читателите од ЕМИТЕР, бидејќи го користев во проектот Yummy 45 објавен во ЕМИТЕР 2/98.Високотонецот е со импрегнирана текстилна калота од 25 mm.

Со професионалниот уред CLIO ја измерив амплитудно-фреквентната карактеристика на звучникот Jamo Cornet 40IV на далечина од 2 m, во оската на високотонецот. 

Волуменот на кутијата е премал, што доведува до преголемо нагласување на повисоките басови од околината на 115Hz. Со поголем волумен на кутијата би се добила порамна карактеристика, со многу подлабоки басови. Зато на Пеце му препорачав да направи нови, поголеми кутии со волумен меѓу 20 и 25 литри. Потоа јас малку ја модифицирав свртницата со додавање на еден отпорник за атенуација на високотонецот...

Новиот модифициран Jamo Cornet 40 IV звучи многу подобро и понеутрално од оригиналниот, со многу подлабоки басови, а единствена забелешка е што басовите се малку меки, но тоа се должи на релативно големиот Qts параметар на бас/среднотонскиот звучник.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.