Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
“Операциона сала” е рубрика во која правам анализа и подобрувања на некогаш популарните звучници на нашиве простори. Во ова продолжение, ќе направам подобрување на звучниците Wharfedale Valdus 500, кои иако не се најнов модел на познатата британска фирма, сепак се уште се актуелни бидејќи се во редовна продажба во Македонија.
Wharfedale Valdus 500 се големи самостоечки звучници, кои работат во таканаречената 2,5-појасна конфигурација. За разлика од класичната 3-појасна конфигурација во која постои поделба на работата на звучничките единици на 3 стриктни и раздвоени појаси: нискотонец, среднотонец и високотонец, во 2,5-појасната конфигурација не постои класичен среднотонец, туку неговата работа ја презема ниско/среднотонец, кој исто така работи и во нискотонското подрачје. Често кај евтино проектираните 2,5-појасни конфигурации ниско-тонецот и ниско/среднотонецот се идентични звучнички единици, а тоа е случај и кај Valdus 500, само што тука има две звучнички единици во улога на нискотонци и една единица во улога на ниско/среднотонец, значи вкупно три идентични звучнички единици, кои се со дијаметар од 20 cm (8 инчи). Високотонецот е класичен калотен со 25 mm дијаметар, со пластичен дифузер.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.