Рубрика: Аудио и видеотехника
Звучници Beauty 5.5 and The Beast 15/250
Автори: Владимир Филевски, Сашко Ицковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Hi-Fi звучникот Beauty 5.5

Покрај добриот изглед, Beauty 5.5 има и добар звук. Принципот на работа на кутијата е четврт бранов резонатор, споменат во текстот "Звучни кутии - сите видови на светот", во поглавието Трансмисиона линија (ЕМИТЕР 9/96). Со овој тип на звучна кутија се добива пониска долна гранична фреквенција f3, отколку што би било можно во компресиона кутија со истиот волумен. Колку што ни е познато, ова е првата звучна кутија на територијата на Македонија која работи на овој интересен принцип.

Beast 15/250 е класичен, голем бас-рефлекс PA звучник со висока ефикасност. Пресметан и конструиран е така да дава многу длабок бас. Басот е толку длабок и гласен, па многу PA subwoofer-и на светски познатите фирми можат само струја да му носат.

 

Hi-Fi звучник Beauty 5.5

За бас звучник е избран  Simsonik SW 520 B. Номиналната импеданска му е 8 ома, ефикасноста 90 dV/1m/1W, пречникот 140 mm (5,5 инчи), а музичката моќност 100 W. Мембраната е изработена од импрегнирана хартија. Производителот не ги наведува Thiele-Small параметрите за овој бас-звучник, па ние самите ги измеривме. Овојпат нема да ги заморуваме читателите со пресметки за кутијата, бидејќи за вајив вид на звучни кутии најголемо влијание врз амплитудно-фреквентната карактеристика има и видот на густината на пакување на материјалот за дампирање.
Звучниците Beauty 5.5 не фаќаат толку длабоко, ниту можат да ги репродуцираат длабоките тонови со толку голем интензитет како што тоа го прават Techno 8, но затоа басовите ги имаат цврсти и стегнати.

 

PA звучник Beast 15/250

Бас звучникот е професионалниот IMG SP 15/200 PA со пречник 38 cm (15 инча), музичка моќност 400 W, 200 W синусна, импеданса 8 ома и ефикасност 101 db/1m/1W. Подвижната намотка е намотана на тело од Kapton, специјален материјал отпорен на висока температура. Високотонецот е Monacor MHD-250/RD, класичен bullet високотонец со титаниумска мембрана во облик на прстен (ring-radiator) Ефикасноста му е 102 db/1m/1W.

 

Технички карактеристики:

Beauty 5.5

Номинална импеданса: 8 ома
Музичка моќност: 100 W
Ефикасност: 90dB/1m/1W

 

Beast 15/250

Синусна моќност: 250 W
Номинална импеданса: 8 ома

 
Главни елементи и материјали:

Бас-среднотонец; Simsonik SW520B Високотонец; Simsonik YDQG5-2

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.