Рубрика: Аудио и видеотехника
Звучни кутии JBL TLX300 - басот е BOSS
Автор: Милан Рупиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број на ЕМИТЕР имавте прилика да го проследите мерниот тест на звучникот JBL TLX300, а во овој напис нашиот соработник од Хрватска, Милан Рупиќ, ги изложува своите импресии од слушниот тест на истата звучна кутија.

Има малку така харизмаични имиња во аудиоиндустријата како што е JBL. Како еден од пионерите на современата аудиопродукција James B. Lansing ги отворил патиштата на современата конструкција на звучнички кутии кои во првите години на современата аудиоера практично сите ги следеа.

И не само тоа – можеби најголемиот белег James B. Lansing го остави во конструкцијата на студиски мониторски звучнички кутии од сите големини и намени. За тоа сведочи и податокот што практично нема позначајно тонско студио во светот кое нема барем еден пар JBL-ови монитори. Но, кога се работи за присутноста на JBL на hi-fi сцената, таа беше прилично непостојана.

По нагласената присутност за време на шеесетите години, низ доцните седумдесети и раните осумдесети не можеше многу да се прочита за нив, ниту можеше секаде (особено во Европа) да се чујат. Меѓутоа од почетокот на деведесетите, особено откако станаа дел од корпорацијата Harman International, пак "палат и жарат", а со поместувањето на дел од своите производни капацитети од татковината во звучничкиот Ел Дорадо – Данска, станаа присутни и на стариот континент, повеќе од било кога. Директна последица на тоа е и тестот кој следи.

Технички карактеристики:

Препорачлива моќност на засилувачот: 10 – 100 W
Номинална импеданса: 8 ома
Осетливост (2,83 V/m): 90 dB
Фреквентен одзив: 55 Hz – 25 kHz
Димензии: 350 x 200 x 245 cm
Маса: 4,8 kg

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.