Дамнешен сон на секој производител на звучници бил да направи звучник кој ќе ги има следниве пет важни особини: да биде евтин за производство, да го репродуцира целиот звучен спектар (освен можеби најдлабоките басови), да има добар звук, да има добра дисперзија на високите тонови, и да му донесе многу пари на производителот. Електростатските и изодинамичките звучници главно ги исполнуваат сите овие особини, освен првата.