Рубрика: Аудио и видеотехника
Борба на малите џинови - Rotel RA-931BX VS. Denon PMA250SE
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина од вас се нашле пред проблемот наречен засилувач. Слатката возбуда при помислата дека треба да набавите нова компонента и тоа компонента од така витално значење за вашиот систем, многу лесно може да се претвори во вистински ноќен кошмар особено ако спаѓате во групата на оние кои ги прават првите чекори на полето наречено аудиофилија, па и не само на оваа група. Каков засилувач, со колкава моќ, од кој производител, дали ќе одговара со вашите звучни кутии......? Има барем дваесетина прашања на кои ќе морате да дадете и да добиете точни и, што е многу важно, искрени одговори, како од оние на кои ќе им поставите дел од овие прашања, така и од вас самите. Колку поточни прашања поставите и колку подобри одговори добиете, толку е посигурно дека ќе бидете позадоволни од крајниот резултат - чувството наречено добар звук. Па тоа и беше целта, зар не?!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.