Емитер 9/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Повторно NE555. А зошто да не? Просто се воодушевувам од ова навидум просто интегрирано коло, кое благодарејќи на креативноста на неговите конструктори е толку многу применливо. Па затоа кај овој "missing-pulse" детектор кој на нашки би можел да се преведе како "Детектор на прекин на поворка на импулси", се користи како и во многу други апликации NE555. Missing-pulse детекторот (на англиски подобро ми звучи) е коло кое на својот влез прима поворка од периодични дигитални импулси. Кога ќе престане таа поворка односно кога на влезот повеќе нема да пристигнуваат дигитални сигнали или доколку во поворката се јави пауза од неколку периоди, тогаш на излезот се појавува импулс кој ја индицира таа состојба. При конструкција на уреди сигурно ќе можете да го искористите ова решение, а посебна применливист има кај детектори на вртежи на оски од мотори или некои механизми.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.