Емитер 9/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да претпоставиме дека сте купиле нов систем. Вашиот избор не беше случаен, туку напротив мошне обмислен, грижливо планиран и соодветно платен. Вака вложениот труд и пари секако дека би требало да бидат наградени со квалитетен звук во кој ќе можете вие да уживате подолго време, а пријателите да ви се восхитуваат и потајно да ви завидуваат. Вашата цел е да слушате музика, и притоа да ја почувствувате сета нејзина убавина и раскошност. Затоа го следевте основното правило во постигнувањето добар звук, како впрочем и за многу други работи, а тоа е едноставноста.
Засилувач (раздвоен - предзасилувач и излезен засилувач или квалитетен интегриран), CD-плеер, квалитетен пар звучни кутии, толку. Ни повеќе, ни помалку. Можеби во иднина грамофон, но за тоа по тоа. Го следевте и второто правило. Одбравте компоненти кои добро се покажале на тестовите во специјализираните списанија, одлично се оценети, а секоја од нив одлично се сложува со сите единки во ланецот по сите параметри.
Третото правило, значајно колку и претходните, ако не и повеќе, внимателно го преслушавте системот кој сте го одбрале, и тоа како целина, ослободени од какви било предрасуди, притоа правејќи споредби и компарирајќи ги речиси сите компоненти кои би можеле да се јават како адекватна замена за некоја од веќе одбраните или преферираните. Па сепак нешто не беше како што треба...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.