Емитер 7-8/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во изминатите 6 продолженија многу факти беа искажани и многу мерења беа извршени. Но, како да недостасуваат некои битни факти за да се добие потполна слика на проблематиката. Некогаш, кога имав многу помали познавања од оваа област, ми се чинеше дека знам сé што е потребно да се направи за да се добие квалитетна звучна кутија. Тогаш сé се сведуваше на познавање на "златните" правила кои се тема на овој напис.
Тука ви откриваме како се врши визуелен избор на драјверите, потоа избор на драјверите според нивните технички карактеристики, Димензионирање на кутијата, како се одредуваат димензиите за предната страна, и на крај ни останува уште да ги откриеме правилата во врска со сместувањето на драјверите.
Серија 800 од Bowers & Wilkins.
Иако оваа серија излезе во 7 продолженија (предвидени беа 6), таа не ги обработи сите аспекти на конструкција на една звучна кутија. Основите на акустиката беа неправедно малку застапени за сметка на анализата на потребните мерења и конструкторските решенија, додека една цела област каква што е дампирањето остана потполно необработена. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдам доволно доблест (а и време) да ја обработам и оваа тематика. Во меѓувреме ќе ви укажам на уште еден основен факт: зависноста на основните параметри на една звучна кутија (преземено од веб-сајтот www.trueaudio.com - автор: John L. Murphy – скратена и преработена верзија)
“Би ја претставил зависноста на основните параметри на една звучна кутија во една пита поделена на 3 дела: чувствителност, долна гранична фреквенција и волумен на кутијата. Големината на питата е лимитирана, меѓутоа вие можете да ја поделите питата по ваша желба но ако сакате поголемо “парче” чувствителност ќе морате да се задоволите со помали “парчиња” гранична фреквенција и волумен. Исто е и со другите два параметра: Ако сакате мала кутија, ќе морате да ја жртвувате чувствителноста и долната гранична фреквенција!"
За жал, во нашиот несовршен свет, на располагање ни стои само една пита, а за звучна кутија со голема чувствителност, мали габарити и голема ефикасност ќе ни требаат повеќе пити!
Со други зборови, проектирањето на една звучна кутија претставува збир компромиси. Кои од нив ќе гледате да ги елиминирате првенствено зависи од целта што сакате да ја остварите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.