Емитер 7-8/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најпосле, еве еден проект со навистина евтини но сепак доволно квалитетни звучници. После многубројни испитувања и мерења на евтини звучници, избрав еден бас/среднотонец и еден високотонец со најдобри карактеристики – за таа цена, се разбира. Излезе дека тоа се и најевтините звучници (компоненти) кои можат да се купат во Македонија – кинеските TSS. Сето тоа го спакував во една добро проектирана звучна кутија, а се помачив и да проектирам добра свртница. Резултатот на овој труд е Trans 6.5 – најевтиниот можен hi-fi звучник (звучнички систем) во Македонија, наменет за самоградителите. Името на звучникот Trans доаѓа од принципот на работа, но може да ја означи и Вашата состојба кога ќе чуете како звучи.
Евтините бас-звучници секогаш имаат слаб магнет (и покрај големите димензии), што резултира во висок Qts фактор кој најчесто е околу Qts=1 (за објаснување на Thiele-Small параметрите погледнете во “Компресиони звучни кутии” во ЕМИТЕР 5/95). Бас-звучник со висок Qts фактор нема добра контрола на ниските тонови (што се слуша како бавни, продолжени, матни, меки и недефинирани басови кои бучат) и не може добро да работи во компресиона звучна кутија, а особено не во бас-рефлекс кутија. Всушност, нема да работи добро во ниедна звучна кутија, освен во трансмисиона линија (Transmission Line - TL). Звучна кутија од типот на трансмисиона линија е всушност една долга цевка, на чиј еден крај е монтиран бас-звучникот, а другиот крај е отворен. Бидејќи во таа цевка се создаваат стојни бранови (резонанции), целата внатрешност на цевката (кутијата) мора добро да се исполни со материјал за дампирање. Густината на дампирањето треба внимателно да се наштелува (ни премногу, ни премалку), така што потполно да се пригушат сите резонанции, освен резонанцијата со најниска фреквенција – која треба да ги засили малку басовите. Во пракса, добро проектирана трансмисиона линија (каква што е Trans 6.5 J) ги засилува ниските тонови под 100 Hz за 1 до 2 dB во однос на компресиона звучна кутија со ист волумен. Освен тоа, квалитетот на тоновите под 100 Hz е подобар – кај звучникот Trans 6.5 измерив Qtc=0,9 што инаку е невозможно да се добие од компресиона звучна кутија во конкретниов случај, бидејќи Qts на употребениот бас/среднотонец изнесува Qts=1,1. (Појаснување: кај компресиона кутија Qtc секогаш е поголемо од Qts !).
Неколку читатели поставија прашање дали може да се направи поедноставна (читај: поевтина) свртницата за звучникот Транс 6.5 од Е7-8/03? Може, но перформансите на звукот ќе бидат нешто малку полоши - наместо одличен звук, ќе се добие скоро одличен ;-)). На сликата е прикажана шемата на поедноставната и многу поевтината варијанта на свртницата.
Бас-среднотонец; TSS WF166D100-10R Високотонец; TSS DT41
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.