Аудио и видеотехника

Најпосле, еве еден проект со навистина евтини но сепак доволно квалитетни звучници. После многубројни испитувања и мерења на евтини звучници, избрав еден бас/среднотонец и еден високотонец со најдобри карактеристики – за таа цена, се разбира. Излезе дека тоа се и најевтините звучници (компоненти) кои можат да се купат во Македонија – кинеските TSS. Сето тоа го спакував во една добро проектирана звучна кутија, а се помачив и да проектирам добра свртница. Резултатот на овој труд е Trans 6.5 – најевтиниот можен hi-fi звучник (звучнички систем) во Македонија, наменет за самоградителите. Името на звучникот Trans доаѓа од принципот на работа, но може да ја означи и Вашата состојба кога ќе чуете како звучи.


Астрономија и астронаутика
Визија за тунгуската експлозија според Дон Дејвис.

Повеќе од 90 години научниците се обидуваат да ја решат загатката на големата експлозија којашто се случи во централен Сибир во 1908 год., но тие сè уште немаат дефинитивен одговор на прашањето која била причината за експлозијата.


Електроника

Светилките што трепкаат отсекогаш привлекувале внимание. Се употребуваат за разни украси, излози, светлечки реклами итн. Колку повеќе светилки, толку поубаво за очите. Светилките што трепкаат по одреден редослед привлекуваат повеќе внимание врз себе. Во овој број ќе опишеме интелигентен и едноставен уред што може да се искористи за светлечките реклами.


Енергетика

Како релативно сиромашна земја, Република Македонија би требало повеќе внимание да посвети на оние енергенси кои и се "од бога дадени", од кои со најголем потенцијал се сончевата енергија, енергијата на ветерот како и геотермичката енергија.


Аеронаутика
Northrop B-2 Spirit – Stealth супер-бомбардер

Човековиот стремеж да се вивне во небеската шир со крила слични како кај птиците е забележан уште од најстари времиња, а легендите и митовите скоро од сите страни на светот се своевиден доказ за тоа.


Автомобилска техника

Во сегментот на средната класа Опел (Opel) е присутен триесетина години. И тоа многу успешно. Во 1988 година Вектра (Vectra) ја наследи Аскона (Ascona) која се докажа и како одличен семеен автомобил, ама и како успешен рели автомобил. Седум години подоцна, дојде втората генерација на Вектра која беше и најпродаван модел во неколку земји и прерасна во своевиден статусен симбол на средната граѓанска класа.


Електроника

Кога се зборува за засилувачи, обично се мисли на излезните засилувачи на моќност. Меѓутоа, за да стигне до нив, сигналот е подложен на претходно засилување; сигналот од микрофонот е со многу ниско ниво, одвај неколку mV или неколку десетици mV, па мора да се засили (со предзасилувачот) за да се доведе на доволно ниво, наречено линиско (околу 1 V), потребно за обработката во засилувачките степени. Дури потоа следуваат излезните засилувачи на моќност чии оптоварувања се звучниците.


Информатика

Криптографија или шифрирање на податоци е термин кој многу често го сретнуваме во пракса, често и го употребуваме, а всушност, многу малку знаеме за што станува збор. Првата асоцијација, која ни доаѓа на ум кога ќе се спомне криптозаштита, е поврзана со војска, полиција или некои државни тајни служби.


Електротехника

Рачните циркуларни (кружни) пили, од производството на BLACK & DECKER, наменети се за изведување долги и прави резови во плочи од пластика и панел - плочи, а наменети се пред сè за столарски работи. Овие пили се погодни за надолжно или косо сечење штици. Со трите вида рачни циркуларни пили, кои ги нуди BLACK & DECKER опфатени се сите домашни, односно аматерски потреби.


Архитектура и градежништво

Еден од предусловите за нормално функционирање на базените за капење е и одржување квалитетот на водата. За таа цел треба да се исполнат неколку услови меѓу кои се: полнење на базенот со квалитетна вода, одржување на квалитетот на водата, покривање на базенот и чистење.


Макетарство и моделарство

Во ЕМИТЕР 1/03 се запознавме со основите на воздухопловното моделарство, а преку изработката на лизгачи (во ЕМИТЕР 4/03 и 5/03) се запознавме со основните работни операции. Следуваат написи за сè посложени модели. Тоа, секако, не смее никого да го обесхрабри или да го уплаши. Спротивно од тоа, следејќи ги упатствата ќе се оспособите за градба на најсложени конструкции.


Автомобилска техника

Разводниот механизам е срцето на моторот т.е. еден од најважните механизми на моторот. Од него најмногу зависи дали моторот ќе биде брзооден, т.е. колкав ќе биде максималниот број на вртежи, а согласно на тоа и максималната силина која ја дава моторот. Ова особено е изразено кај тркачките ото-мотори каде што зголемувањето на бројот на вртежи се користи како основно средство за зголемување на моќноста на моторот.


Астрономија и астронаутика

Доколку не е некоја забуна, астрономите тврдат дека откриле многу далечна екстрасоларна планета, промовирајќи ја со тоа новата подобрена и понадежна техника за откривање на нови светови. Соопштението од Американското астрономско друштво (American Astronomical Society – AAS), издадено на состанокот во јануари, го трасира патот кој можеби ќе донесе поплава од детектирани нови екстрасоларни планети во блиска иднина.


Аудио и видеотехника

Со еквализацијата се менува релативната јачина на некој фреквенциски опсег на аудиосигналот. Уредите што ја остваруваат оваа функција се наречени еквализатори. Основното значење на зборот еквализација (зарамнување, изедначување) не коинцидира со изложенава дефиниција, па можеби поточно би било да се вика "нееквализација". Како и да е, со процесот на еквализација се врши соодветно дотерување на фреквенциската карактеристика според желбите и сфаќањата на тон-мајсторот или продуцентот.


Екологија

Во што се состои значењето на биолошката разновидност? Каква е состојбата со сочуваноста на нејзините основни компоненти? Најзначајната функција на биолошката разновидност (биодиверситѕ) е продолжување на еволутивниот развој и одржување на трајниот систем на животот на биосферата. Исто така таа е важна за развојот и продукцијата на биоресурсите, а со тоа и развојот на економските, социјалните и еколошките вредности.


Електроника

Полначот овозможува полнење со константен напон и константна струја. Времетраењето на полнењето е ограничено со вграден тајмер. Почетната струја на полнењето е во зависност од актуелниот напон на батеријата. Има заштита од преполнување, и од превисока температура што може да се јави на батеријата во текот на полнењето. Неговата "SMD" изведба овозможува вградување во исто куќиште со батеријата.


Информатика

На пазарот за компјутерски производи сè повеќе се присутни компјутерските ТВ картички со чија помош можеме да ги гледаме ТВ програмите директно на мониторот од нашиот домашен компјутер. Ваквите ТВ картички по конструкција се слични на другите компјутерски картички кои се среќаваат во компјутерите како што се: графичката картичка, звучната картичка или модемот, а воедно ја зголемуваат и мултимедијалната функција на домашните компјутери.


Астрономија и астронаутика

На 7 јануари годинава, на прес-конференција во Сиетл, Вашингтон, на репортерите им беше презентиран резултатот од првото мерење на брзината на гравитацијата, реализирано од екипа под водство на Сергеј Копејкин од Универзитетот на Мисури и Ед Фомелот од Националната Радиоастрономска Опсерваторија).


Аеронаутика

Авионите бомбардери секогаш ја имаат ударната тупаница во војните кои ги води САД. B-52H, познат и под името Stratofortress, е тежок стратегиски бомбардер со голем долет, чија примарна улога е нанесување на нуклеарен удар длабоко на противничката територија.


Астрономија и астронаутика

Нептун, четвртата по големина планета во Сончевиот систем, беше откриен кон средината на деветнаесеттиот век врз база на математички пресметки. Негови карактеристики се изразитата сина боја и брзите ветрови во неговата атмосфера. Тритон, убедливо најголемиот од неговите сателити, се карактеризира со вулканска активност и има многу заеднички својства со Плутон.


Сеизмологија

На 24.04.2002 година околу 12:30 часот Скопјани по подолго време почувствуваа посилен земјотрес, чиј епицентар беше околу 60 километри северозападно од главниот град на нашата земја. Тој, на македонска територија, не предизвика човечки жртви и поголеми материјални штети, но уште еднаш потврди дека обичниот граѓанин премалку знае за земјотресите, а уште помалку за тоа како треба да се однесува за време на земјотрес и по него.


Автомобилска техника

Идејата не е нова. Сите генијални идеи се едноставни, па така е и со оваа финта со светлата. Прв ја претстави Ситроен (Citroën) во 1967 година кај моделот DS 21. Предните фарови механички биле поврзани со воланот и како што се врти тој така и светлата заземаат соодветна положба. Оваа идеја беше занемарувана,, но сега со голема помош на електрониката станува актуелна и речиси нема автомобилска фабрика што не ја применува кај некој свој автомобил.


Информатика

Убедени сте дека сè е во ред со вашиот компјутер, но дали сте сигурни дека сте ги направиле сите сигурносни проверки, мислите ли дека сте непобедиви и дека вашиот систем е отпорен на секакви внатрешни и надворешни несакани "влијанија" ???


Електроника

Интегрираните операциски засилувачи не се секогаш соодветни за апликациите каде се бара високо ниво на сигналот (Uo<10 Urms) или погонување на релативно ниската импеданса (Z = 50 ÷ 600 оми). Засилувачот прикажан овде е од посебно значење како високо опсежен динамички линиски драјвер или buffer (раздвојувач) на моќноста во јавните адресни системи и AF дистрибуциони засилувачи.


Медицина

Новите кохлеарни импланти можат да го подобрат слухот кај 80 проценти од глувите пациенти. Кохлеарните импланти се аудиоимплантни протези кои може да го подобрат слухот кај 80 проценти од пациентите кои се глуви.


Електроника

Контролата на светилките во автомобилот треба да исполни некои услови, а тоа се: да биде едноставна, евтина и за време на возењето да сигнализира прегорување на некоја од светилките што се во работа. Ова лесно ќе го изведеме ако за секој пар светилки користиме по една рид-ампула.


Електроника

Декадното броило 7490 и универзалното декадно броило 74192, кое може да брои нанапред или наназад, а може и да се програмира, можат да се поврзат во еден интересен склоп кој е прикажан тука.


Информатика

Верувам дека поголем број од вас имале можност барем еднаш да посетат некое Интернет кафе и да ги направат своите први "сурферски" чекори. Првата желба што ја имавте сигурно беше да видите слики од омилениот пејач, да прочитате некои новости, но не сте знаеле како истите да ги пронајдете. Во понатамошниот текст ќе се запознаете со одредени техники кои во голема мера го олеснуваат пребарувањето.


Математика

Нашиот редовен читател Димитриј Мијоски од Прилеп повторно пријатно нè изненади со точни решенија на сите задачи од јунскиот број на ЕМИТЕР, па како награда му доделуваме полугодишна претплата на ЕМИТЕР и со тоа го прогласуваме за најдобар математичар на месецот. Со еден примерок од старите броеви на ЕМИТЕР го наградуваме Драган Гулабоски од Прилеп, бидејќи имаше точни и добро образложени решенија на две задачи.


Електроника

Во изминатите броеви на "ЕМИТЕР" беа објавувани неколку проекти за светла трепкачи. Во овој број ќе прикажеме ист таков уред, но тој првенствено е наменет за употреба на велосипед и не користи батерија за напојување.


Воена техника

НАТО користи два вида на противрадарски ракети: американската HARM, наменета за дејство по радарските станици на ракетните единици на ПВО, и британската ALARM, наменета за дејство по радарските станици на единиците за воздушно набљудување и јавување и противавионската артилерија.


Автомобилска техника

Во четвртата година од своето постоење, втората генерација на Фиат Пунто (Fiat Punto) влегува освежен, дотеран и комплетиран со два потполно нови мотори кои својата премиера ја имаат токму во најуспешниот Фиатов модел во последните десетина години. Козметичкиот и техничкиот третман би требало да го задржи редизајнираниот Пунто на доволно конкурентно ниво и да му овозможи полесно да го пречека своето трето издание, најавено за две години.


Електроника
Монтажна шема на мини алармот на универзална плочка Емитер ППКУни1а

Потребни се само неколку минути и неколку компоненти кои ги имате при рака за да го изградите овој мини аларм, кој ќе ги најави купувачите во вашата продавница или пак ќе ги исплаши луѓето што се обидуваат да откријат што се крие во вашите фиоки.


Омнибус

Во текот на претходниот месец се одржаа и две државни смотри со натпреварувачки карактер во организација на Народна техника, каде своите знаења, познавања и научно-технички талент го покажаа учениците од средните и основните училишта од Македонија. 39-тата Државна смотра на млади истражувачи од Република Македонија се одржа на ден 31.05.03 во просториите на ПСУ "Јахја Кемал" во Скопје.


Електроника

За правилна работа на некои електронски уреди (засилувачи, предзасилувачи, миксери и слично) потребно е симетрично напојување. Но електроничарите (посебно почетниците) најчесто располагаат со единечни извори на напојување. Проблемот наједноставно се решава со отпорнички делител, но ваквото решение има големи недостатоци. За таа цел ви претставуваме еден едноставен уред кој вашите единечни напонски извори ќе ги претвори во симетрични.


Информатика

Со правилно испланирана стратегија кон инсталирањето на еден UNIX базиран оперативен систем, вие сте само на чекор до поставувањето на сигурен, стабилен и отпорен компјутерски систем.


Психологија

Вообичаено е агресивноста да се сфаќа како реакција на попримитивните суштества што сакаат за себе да присвојат и да обезбедат права или средства кои не би можеле да ги добијат на друг начин. Меѓутоа, за агресијата треба да се зборува двострано: ниту само негативно, ниту исклучиво позитивно. Тоа е збор што се употребува секојдневно, но потешко се дефинира.


Геодезија

Воздушните граници стануваат актуелни во времето на сателити, истражувања на вселената, развој на комуникациите, воената техника и науката воопшто. Вселената од високо развиените земји се користи на разни начини и од самиот почеток на нејзиното користење се поставувало прашањето: кој и до каде може да се движи низ неа?


На граница на науката

Ако кога било сте имале симпатии за акциите и движењата од типот "да ги спасиме гладните деца", "да ги спасиме китовите", "да ги спасиме фоките" и слично, тогаш вашите грижи стануваат застарени со појавата на новото движење кое настапува под сеопфатната парола "ДА ЈА СПАСИМЕ ВСЕЛЕНАТА".


Телекомуникации

За разлика од другите DVB стандарди што се фокусирани на преносот на дигиталната телевизија, DVB-MHP ја стандардизира корисничката опрема што (ќе) се употребува за прием и за презентација на дигиталните телевизиски и мултимедијални сервиси.


Телекомуникации

Вертикалните антени често се користат, особено кога треба да се постигне емитирање во сите правци. Постојат повеќе основни видови на вертикални антени. Сите тие имаат свои карактеристики, предности и слабости. Овој пат ќе се задржиме на Ground Plane-антената.


Омнибус

Огнен прстен на небото;
Новиот EMP-S1 проектор од Епсон;
Француска ЦЦ офанзива;
Гитарски ефекти;
Master Converter v2.7;
Нов производ на Alpine Electronics;
Citroën C2;
Вирусите почнаа да мутираат;
Пронаоѓаштво Белград 2003;
ГПС за следење на лица;
Кенвуд HF/50MHz;
Шел и Фолксваген тестираат нов вид на гориво;
Нова фотографија на планетарната маглина Хеликс;
Огромни облаци од високоенергетски честици;


Писма
Гитарски засилувач Fender
Проблеми со фреквенцметарот од Е4/98
Сабвуфер со SIMSONIK SW 1030
Засилувач за сабвуфер
Проекти за звучници
Телекоманда за централна брава