Рубрика: Автомобилска техника
Тест: Опел Вектра Комфорт 1.8 16V
Автори: Љубиша Трипуноски, Горан Антевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во сегментот на средната класа Опел (Opel) е присутен триесетина години. И тоа многу успешно. Во 1988 година Вектра (Vectra) ја наследи Аскона (Ascona) која се докажа и како одличен семеен автомобил, ама и како успешен рели автомобил. Седум години подоцна, дојде втората генерација на Вектра која беше и најпродаван модел во неколку земји и прерасна во своевиден статусен симбол на средната граѓанска класа. Таква е задачата и на третата генерација - да се врати назад на врвот.

НАЗАД КОН ВРВОТ

Третата генерација на Вектра ја најави програмата “Олимпија” со која германскиот производител настојува да излезе од кризата во која се наоѓа, а прв чекор во таа насока е враќање на Вектра на врвот во средната класа. Тоа ни најмалку нема да ѝ биде лесно, зашто сега конкуренцијата се чини дека е посилна од кога и да е. Затоа Вектра е темелно подготвен автомобил со сосема нов дизајн, најмодерна технологија, голема удобност, лесна управливост и пространа внатрешност. Со еден збор сѐ за да се задоволи комфорно и удобно возење. Понудата на македонскиот пазар ги опфаќа двете каросериски варијанти, со четири и пет врати, со пет различни мотори и три пакети на опременост. За сите вкусови, желби, потреби и различни џебови, кои, се подразбира дека треба да бидат доволно длабоки.

Вектра на почетокот на третиот милемиум - атрактивно и конзервативно лице. Ознаката за моделот е на хромираната лента

Првиот впечаток при средбата со Вектра е нејзината големина и робусниот изглед кои многу ја разликуваат од претходничките. Подобрена е и аеродинамиката и сега коефициентот на отпор е 0,28. Седнувањето во Вектра значи лесно влегување во голема и пространа внатрешност, со удобни и големи предни и задни седишта. Задната клупа сега има повеќе простор и за колената и за патниците. Вектра е вистинска лимузина и кога станува збор за багажникот чија правилна форма и 500 литри лесно можат да се искористат до максимум. Поголем дел од потребните команди се лесно достапни за возачот, иако за некои работи Опел би можел да понуди и малку попрактични решенија. Проблематично може да биде навикнувањето при вклучувањето и исклучувањето на трепкачите, бидејќи има две нивоа на брзина и интервал на трепкањето. Исто така, потребно е стекнување рутина, знаење и претпазливост додека се вклучува клима уредот, особено ако тоа се прави при возење. Исто е и со читањето на податоците од дисплејот. Недостасува патен компјутер или барем покажувач на потрошувачката на гориво, која во градски услови останува двоцифрена што за лимузини од средната класа опремени со бензински мотор е нормално и од нив може и треба да се очекува сѐ друго, но не и економичност. На отворен и автопат при брзини не премногу повисоки над дозволените може да се смета на некои 8 литри.

Клучни зборови:
Вектра на почетокот на третиот милемиум - атрактивно и конзервативно лице

Вектра на почетокот на третиот милемиум - атрактивно и конзервативно лице

Ознаката за моделот е на хромираната лента

Ознаката за моделот е на хромираната лента

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.