Рубрика: Аеронаутика
Крила за лет во иднината
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Northrop B-2 Spirit – Stealth супер-бомбардер

Човековиот стремеж да се вивне во небеската шир со крила слични како кај птиците е забележан уште од најстари времиња, а легендите и митовите скоро од сите страни на светот се своевиден доказ за тоа. Сепак, остварувањето на тој сон бараше векови напредок и развој во науката и техниката, за да конечно на почетокот од минатиот век Американците – браќата Orville и Wilbur Wright, успеат со својата машина "Flyer I", која ниту од далеку не наликуваше на птица (освен што поседуваше крила), да го остварат историскиот лет во новата ера – ерата на аеронаутиката.

Сепак, птиците во очите на некои луѓе останаа оптимална визија, а конфигурацијата на т.н. летечко крило оптимално аеродинамичко решение. Во дваесетите години кога конструкторите ги кршеа копјата околу тоа дали подобрувањето на постоечките двокрилни или новите проекти на еднокрилни воздухоплови се патоказ кон иднината, луѓето како АмериканецотЏон Кнудзен Нортроп (John Knudsen Northrop), Русинот Борис Иванович Чернановски и Германците – браќата Рајмар и Валтер Хортен (Reimar и Walter Horten) и Александер Липиш (Alexander Lippish) со своите идеи и решенија смело зачекорија во иднината која допрва требаше да дојде. Кога најновиот американски Stealth супер-бомбардер Northrop B-2 Spirit беше јавно прикажан во Палмдејл, Калифорнија (Palmdale, California) на 22 ноември 1988 година, познавачите на воздухопловната историја веднаш ја забележаа воскреснатата конфигурација на воздухоплов во вид на летечко крило – конфигурација која конечно го доближи човекот до птиците.

Десно: Northrop X-216H 'Flying Wing' Лево: Horten Ho-Vc

Во јануари 1927 година, еден млад американски аеронаутички инженер кој своето искуство го имаше стекнато во бироата на Даглас (Douglas), заедно со неколкумина воздухопловни ентузијасти и инженери ја основаа компанијата Lockheed Aircarft Company. Овој инженер по име Џон Кнудзен Нортроп во времето кога ја започна самостојно својата работа од воздухопловните кругови во САД беше сметан за ексцентрик, кој со своите смели идеи и решенија не припаѓаше на времето во кое живееше и твореше. Меѓутоа не помина долго време кога неговите визии остварија срамежлив интерес од страна на Военото воздухопловство на САД или USAAF. Неговиот прв обид беше остварен во 1928 година со конструкцијата која едноставно беше наречена “Летечко крило”, иако поседуваше две вертикални површини. Оваа конструкција беше навистина радикален концепт во тоа време, а самото тестирање не помина без проблеми, пред сѐ поради тоа што клипниот мотор мораше да се вгради во самото крило и имаше проблеми со ладењето.

Клучни зборови:
Northrop B-2 Spirit – Stealth супер-бомбардер

Northrop B-2 Spirit – Stealth супер-бомбардер

Northrop X-216H 'Flying Wing'

Northrop X-216H 'Flying Wing'

Horten Ho-Vc

Horten Ho-Vc

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.