Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како ќе се лета, да речеме, во 2050 година? Како тогаш ќе изгледаат авионите? Кој ќе пилотира со нив? Наместо одговор, ќе ѕирнеме во проектите на водечките светски аеронаутички имиња: Boing, EADS, Lockheed Martin, Northrop Grumman, ESA (Agence Spatiale Europeenne), NASA… А тие, врз основа на внимателно разработените сценарија за можниот развој на авиосообраќајот во наредните децении и потпирајќи се врз технолошките, организациските и социјалните опции, како и врз претпоставените геополитички параметри, веќе наголемо ги разработуваат своите истражувачки програми за да направат револуција во цивилната авијација и за создавање сосема нова генерација на цивилни транспортни авиони.
Се чини дека дизајнот на линиските авиони ги достигнал границите на својот развој. Доказ: нивниот основен облик (труп во облик на вретено, на него монтирани крила и опашни површини, под крилата закачени мотори) многу малку еволуирал во последните 50 години: Големината непрекинато растела и, веројатно, со моделот Ербас А-380 ги достигнала крајните рационални димензии. Млазниот погон базиран врз фосилно гориво, наспроти несомнените усовршувања, покажува редица слабости почнувајќи од големата потрошувачка, преку бучавата, до емисијата на штетните гасовити загадувачи. А, што да се каже за брзината ? Со заминување на единствениот вистински оперативен суперсоничен патнички авион Конкорд од редовниот сообраќај, патничките авиони како да "кокетираат" со брзини блиски до брзината на звукот, но сепак на безбедно растојание (околу 0,9 М). Од друга страна, сите студии (IATA - International Air Transport Association на пр.) покажуваат дека во средината на овој век треба да се очекуваат 6 пати повеќе патници отколку денес. Како тие патници побрзо, поекономично и со помала контаминација на околината да се пренесат со денешните авиони? Многу тешко. Дефинитивен заклучок е дека цивилната авијација по половина век конзервативизам е зрела за замена со нова генерација патнички авиони. Несомнено, иднината на воздушниот транспорт е тесно поврзана со проценетите опции, во лабораториите и истражувачките центри, за повеќе децении однапред. Најмалку што јавноста може да очекува се нови: енергии, материјали, конфигурации, системи за товарење, инфраструктури, но не помалку и ефикасна заштита на околината.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.