Рубрика: Аеронаутика
Одбележани три воздухопловни јубилеја: 50 ГОДИНИ Ултралесна авијација; 50 ГОДИНИ Крила за слободно летање – змејови и параглајдери; 50 ГОДИНИ „ХЕЛИ КЛУБ“
Објавено на 04.07.2024 - 16:45

Ацо Тодоровски слетува во Расадник Кисела вода Скопје со змај Еуро II. Снимено некаде '83 година

Минатата недела во хотелот Монтана во Крушево беа одбележани половина век на едно континуирано постоење на ултралесната авијација во Македонија, крилата за слободно летање (змејови и параглајдери) и половина век од основањето на Хели клубот. На свеченоста беа дојдени гости од целата земја и од странство.

Организаторот имаше подготвено презентација, ѕиден весник, говор, доделување признанија за особен придонес во развојот, промоција на книга од областа и секако забавен програм кој го изведуваше оперскиот пејач Стефан Неданоски од Прилеп.

Пред хотелот беше поставен змај – делтаплан – Рогалово крило, „стандард“ стар точно колку ова летање и клубот.

Историјата на тогаш наречените „лесни летала“ во Македонија започнува со Јован Калајлиовски, Слободан Жераиќ и Сашо Генчев, и е во тек со светскиот развој. Јован имал „кулман“ (табла за цртање) каде ги дизајнирал првите делтаплани, тогаш викани „Рогалови крила“, додека Сашо му асистирал. Веднаш после Џон Дикенсон кога светот почнал да ги развива змејовите / делтапланите, овие летала се развивале и кај нас.  Жераиќ ја зел работата на организацијата, етаблирањето на оваа авијација, обезбедување средства и друго.

Змај во самоградба кој послужи за обука на идните пилоти-змајари

Во почетокот на седумдесетите години Јован го гради првиот змај-делтаплан кој имал несоодветно тешко платно. Сашо прави неколку летови со него, што тој ги нарекува скокови, на месноста Зајчев рид во Скопје. Скоковите биле сѐ погоре и погоре, со премногу елан, сѐ додека на приземјување не ги повредил нозете.

Но работата продолжува. Јован добива идеја да се направи жироглајдер, како што кажува Сашо, со нацртите што Јован ги купил од фирмата Bensen и ги однел во фирмата „Бегче“ – Скопје. Тука роторот-елиса широка 6 метра – два крака од по три метра споени во главчината – ја направиле од дрво и тоа бесплатно. На Велешкото езеро „Младост“во 1974 Сашо се обидувал со жироглајдерот да полета влечен со силен моторен чамец (глисер), ама неуспешно. Немало кој да му покаже како, а немало ниту литература. Не знаел дека на почеток треба долго и бавно да се влече жироглајдерот по езерото додека роторот да влезе во авторотација, за да може конечно да полета. Подоцна дознаваат дека жироглајдерот бил добар, само што не знаеле како да го полетаат. Овие податоци се преземени од Билтенот на клубот од декември 1980 г.

Лево: Жирокоптерот марка Бенсен пред аудиториум Десно: Хели клуб издаваше билтени

Лево: Исечок од текстот за Хели Клуб од Скопје објавен во списанието "Репортер"; Десно: Жирокоптерот се подготвува за полетување

На 23.3.1974 година се формира Хели Клуб и продолжуваат со градба и подлетнувања со делтаплани. Во 1976 доаѓа словенецот Славко Шорн, кој носи поквалитетно крило и им дава обука на членовите. Сѐ уште има дебати кој прв подлетнал, но точно се знае дека првите висински летови се направени од Матка од 1000 метри надморска височина, над село Шишево. Први биле Павле Крушарев и Петер Радовски – Пецо, додека другиот ден полетале Ѓорѓе Љубинковиќ и Ѓорѓи Иванов на 12-13.8.1981 г.  со два змаја во два дена, постигната била висинска разлика 730 м, должина 6 км, а летот траел 9 минути.

Црвено син змај – Ванчо Гичев меѓу првите летови

Клубот во 1978 година во кит набавува два жирокоптера и еден жироглајдер. Сашо Генчев во јули 1979 вршел повеќе пробни летови и во '80 г. учествувал во вежбата „Сите во одбрана и заштита - СВОЗ“ со тоа што полетал од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и слетал во село Кучково

каде со себе носел санитетски материјали. Активностите продолжиле на спортскиот аеродром во Куманово каде летал и Ѓорѓи Петковски - Гоце.

Хели клуб понатака се развивал како регионален центар, прво за змајарство а потоа и за параглајдерство. Можеби некој ќе го постави прашањето кој е правен наследник на првиот клуб? Но, сите параглајдерски, змајараски и клубови за ултралесни летала се духовни наследници на историскиот Хели Клуб.

Настанот помина во пријатна атмосфера и на општо задоволство. Претставниците од општината Крушево ги доделија признанијата изготвени со мотиви од ова летање низ историјата кај нас.

Клучни зборови:
Ацо Тодоровски слетува во Расадник Кисела вода Скопје со змај Еуро II. Снимено некаде '83 година

Ацо Тодоровски слетува во Расадник Кисела вода Скопје со змај Еуро II. Снимено некаде '83 година

Пред хотелот 'Монтана' беше поставен змај – делтаплан – Рогалово крило, 'стандард' стар точно колку ова летање и клубот.

Пред хотелот 'Монтана' беше поставен змај – делтаплан – Рогалово крило, 'стандард' стар точно колку ова летање и клубот.

Моторен змај што полетува од вода

Моторен змај што полетува од вода

Младен Милевски со змај Бикла (снимено отприлика во '87 година)

Младен Милевски со змај Бикла (снимено отприлика во '87 година)

Црвено син змај – Ванчо Гичев меѓу првите летови

Црвено син змај – Ванчо Гичев меѓу првите летови

Змај во самоградба кој послужи за обука на идните пилоти-змајари

Змај во самоградба кој послужи за обука на идните пилоти-змајари

Митко Ташков со змај Циклон

Митко Ташков со змај Циклон

Влатко Поповски со змај СуперСкорпион (приближно '87 година)

Влатко Поповски со змај СуперСкорпион (приближно '87 година)

Миле Јованоски на стадион во Прилеп

Миле Јованоски на стадион во Прилеп 

Дончо Турунџиев на кеј на Вардар со ултралесен авион

Дончо Турунџиев на кеј на Вардар со ултралесен авион

Жирокоптерот се подготвува за полетување

Жирокоптерот се подготвува за полетување

Дончо Турунџиев сам го гради својот прв ултралесен авион

Дончо Турунџиев сам го гради својот прв ултралесен авион

Жирокоптерот марка Бенсен пред аудиториум

Жирокоптерот марка Бенсен пред аудиториум

Влатко Поповски заедно со претставник од општина Крушецо, во име на Хели клубот, му доделуваат признание на Зоран Божиноски

Влатко Поповски заедно со претставник од општина Крушецо, во име на Хели клубот, му доделуваат признание на Зоран Божиноски за особен придонес во развојот на оваа авијација

Признание за Виктор Боев

Признание за Виктор Боев

Признание за Миле Јованоски

Признание за Миле Јованоски

Признание за Горан Стојковски – Ханси

Признание за Горан Стојковски – Ханси

Признание за еден од основачите на клубот Јован Калајлиовски врачено постхумно на неговата ќерка.

Признание за еден од основачите на клубот Јован Калајлиовски врачено постхумно на неговата ќерка.

Стефан Неданоски оперски пејач од Прилеп ја збогати прославата со пет нумери

Стефан Неданоски оперски пејач од Прилеп ја збогати прославата со пет нумери, на општо задоволство на присутните.

Клубот даде Признание и на Стојан Величковиќ од Србија

Клубот даде Признание и на Стојан Величковиќ од Србија

Признание за Сашо Генчев еден од основачите и пилот на жирокоптерот

Признание за Сашо Генчев еден од основачите и пилот на жирокоптерот

Признание на Влатко Поповски за особен придонес во развојот на ултралесната авијација и крилата за слободно летање

Признание на Влатко Поповски за особен придонес во развојот на ултралесната авијација и крилата за слободно летање

Исечок од текстот за Хели Клуб од Скопје објавен во списанието 'Репортер'

Исечок од текстот за Хели Клуб од Скопје објавен во списанието 'Репортер'

Хели клуб издаваше билтени

Хели клуб издаваше билтени

Жирокоптерот се подготвува за полетување

Жирокоптерот се подготвува за полетување