Рубрика: Астрономија и астронаутика
Енигмата на Тунгуската експлозија од 1908 година
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Визија за тунгуската експлозија според Дон Дејвис.

Повеќе од 90 години научниците се обидуваат да ја решат загатката на големата експлозија којашто се случи во централен Сибир во 1908 год., но тие сè уште немаат дефинитивен одговор на прашањето која била причината за експлозијата.

На 30 јуни 1908 година, нешто по седум часот наутро, џиновска огнена топка прелетала преку Сибирската област во Русија и експлодирала над реката Тунгуска, со силина приближно илјада пати поголема од силината на атомската бомба која ја опустошила Хирошима.

Околу 50 километри во пречник (површина од 2000 km2) дрвјата биле соголени и налегнати на земјата во радијален правец од центарот на експлозијата кон периферијата  Убиени се и околу 500 северни елени (ирваси), но за среќа човечки жртви немало, бидејќи тој регион е тешко пристапен и ненаселен. Но, неколку илјади жители на соседните региони го почувствувале ударниот бран на далечина дури до 300 km како силен урагански ветар, кој соборувал сè пред себе, а треперењето на земјиното тло го забележале и најодалечените сеизмографски апарати во Лондон и Вашингтон. Експлозијата го осветлила ноќното небо и над Европа (во тој момент таму била ноќ); во Голема Британија се виделе “светлечките облаци”, а во Германија Белгија и Полска имало известувања за “ноќен црвен сјај” над хоризонтот.

Тунгуската експлозија била предмет на испитувања на многубројни истражувачки експедиции, но притоа не се најдени никакви траги од кратер или остаток од некој џиновски метеорит, според кои би се открила причината за експлозијата. Според тоа, јасно било само, дека експлозијата се случила високо во атмосферата, но што било тоа што експлодирало?

На тоа прашање спекулативната астрофизика лансира во оптек неколку егзотични хипотези...

Клучни зборови:
Визија за тунгуската експлозија според Дон Дејвис.

Визија за тунгуската експлозија според Дон Дејвис.

Вака изгледа 2000 километри квадратни опустошена површина, последица на тунгуската експлозија во 1908 год.

Вака изгледа 2000 километри квадратни опустошена површина, последица на тунгуската експлозија во 1908 год. Дрвјата се соголени и полегнати во спротивна насока од центaрот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.