Емитер 7-8/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Криптографија или шифрирање на податоци е термин кој многу често го сретнуваме во пракса, често и го употребуваме, а всушност, многу малку знаеме за што станува збор. Првата асоцијација, која ни доаѓа на ум кога ќе се спомне криптозаштита, е поврзана со војска, полиција или некои државни тајни служби. Оваа претстава и не е погрешна, затоа што во изминативе години криптографијата е најчесто користена за вакви намени. Меѓутоа, во современиот деловен живот, кој се базира на брза размена на дигитализирани податоци, криптозаштитата добива сосема друго, комерцијално значење.
Од кога постои светот, постојат и луѓе кои својата креативност ја насочуваат за смислување на нечесни зделки со кои би оствариле одредена материјална корист. Денес, кога електронското работење е сѐ повеќе во подем, можноста за измами е уште поголема, затоа што веќе не е потребна непосредна средба за да се измами некој што е на другата страна од Земјината полутопка. Така на пример, некој може да користи туѓа кредитна картичка за електронско тргување преку Интернет (што мора да признаеме е честа практика и кај нас).
Повредата на приватноста е вториот проблем. На пример, за печатот би било многу интересно да дојде до некоја "скокотлива" дописка преку електронска пошта помеѓу двајца политичари. Или на некоја компанија би можело да ѝ биде од интерес да ги пресретнува комуникациите на друга конкурентна фирма. Но, нападите на приватноста не мора секогаш да имаат криминални мотиви. На некој би му било значајно да дојде до листите за идентификација на луѓето кои, на пример, пристапуваат кон одредени web страни.
Сѐ поголем проблем претставува и електронскиот вандализам. Она што е најпроблематично е фактот дека напаѓачите ретко кога следат некои правила како да го пробијат вашиот систем. Тие испробуваат различни варијанти, од т.н. социјален инженеринг до “брутална сила”, користејќи техники кои на дизајнерите воопшто не им паднале на памет. Така што доволна е само една дупка во вашиот безбедносен систем за тој да биде пробиен.
Криптографијата е специфична наука која е базирана на неколку различни области на математиката: теорија на броеви, теорија на информации, веројатност, апстрактна алгебра, формална анализа и сл. Од електронската пошта до мобилната телефонија, од сигурен пристап кон web страните до електронското плаќање, криптографијата стана суштинска компонента на денешните информациски системи.
Вечна дилема е дали за шифрирање на податоците да се употребуваат јавни, публикувани алгоритми, кои се изложени на долга и детална проверка од пошироката научна јавност или, пак, тајни алгоритми, познати само на тесниот круг на креатори.
Професионалната криптозаштита за комерцијални намени може да се реализира на два начини: хардверски и софтверски. Кај хардверски реализираната криптозаштита постојат посебни уреди коишто вршат шифрирање (криптирање). При тоа, првиот начин е шифрирањето да се врши во компјутерскиот процесорот, врз база на соодветен софтвер кој се чува во некоја од мемориите. Овој принцип е пофлексибилен на идни промени и е поевтин, но е помалку безбеден и релативно спор за примена на комуникациските линии. Втората варијанта е комплетниот алгоритам да се реализира хардверски на посебен чип направен само за оваа намена, што е побезбедно, но и поскапо.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.