Кевин Митник, еден од најпознатите компјутерски хакери во светот, по кого американските власти трагаа повеќе од две години на почетокот од '90-тите, почина минатата недела, на 59-годишна возраст, од компликации од рак на панкреасот.
Животот на Митник е толку фасцинантен што наликува на возбудлива филмска сторија. Првпат успеал да “пробие” систем уште на 12 годишна возраст. Имено, успеал да ја измами машината за поништување картички на локалниот јавен превоз во Лос Ангелес што му овозможило бесплатно возење со автобус. Со тек на време го усовршил телефонскиот фрејкинг (phone phreaking) и хакирањето.
Првиот компјутерски систем го пробил на 16 години, во 1979 година, кога пријател му го дал телефонскиот број за Ark, компјутерскиот систем што компанијата Digital Equipment Corporation (DEC) го користела за развој на софтверот за оперативниот систем RSTS/E. Тој упаднал во компјутерската мрежа на DEC и го копирал софтверот на компанија. Полицијата не била премногу заинтересирана за неговите активности на упади во мрежи во сопственост на големи корпорации, со оглед на тоа што не нанесувал штета, па во 1988 година бил осуден на само една година затвор, по која следеле три години условна слобода со супревизија.
Речиси на истекот од овие три години бил издаден налог за негово апсење поради хакирање на телефонската компанија Пацифик Бел, по што продолжил со хакирање на мобилни мрежи, како и веб-страници на компании и влади. Митник бил вклучен во кражба на илјадници датотеки и броеви на кредитни картички, иако неговиот некролог вели дека „никогаш не зел ниту една паричка од било која од неговите „жртви“. Очигледно, властите верувале дека тој имал пристап до корпоративни трговски тајни вредни милиони долари во тоа време. По ова следела вистинска филмска потрага што траела повеќе од две години и завршила со апсење и пет години затвор, од кои четири и пол одлежал пред да започне судењето. Осум месеци од оваа казна поминал во самица бидејќи, како што Митник раскажувал, полицијата го убедила судијата дека тој бил способен „да започне и нуклеарна војна со свиркање во телефонска слушалка“. Но, за среќа, некој сфатил дека во полицијата малку и претерале со описите. Имено, по издржувањето на оваа казна и последователната мерка за супервизија на слобода во 2003 година, одредено време единствената технологија до која на Митник му бил дозволен пристап бил фиксен телефон.
Судирот со законот го претвори Митник во безмалку славна личност во 90-тите години од минатиот век. За многумина тој претставуваше симбол на пркос против авторитарните институции што не го разбираат анархичниот слободен дух на интернетот.
Пред да се случат сето ова, Митник сфатил како да го игра системот за јавен превоз во Лос Анџелес на 12 години со тоа што ќе ги запомни распоредот на автобусите и картичките за удирање, а потоа ќе добие свои системи со алатки за удирање за да може да вози автобус цел ден. Митник го остави неговата сопруга Кимберли Митник и нивното неродено дете.
По неговото ослободување, на почетокот од овој век, Митник избра да стане White Hat хакер и консултант за кибер безбедност. Во 2011 година, тој стана сосопственик и главен офицер за хакинг во компанијата KnowBe4, компанија што нуди обука за зголемување на свеста за безбедните ризици и симулирана фишинг платформа. Реформираниот хакер Кевин Митник беше писател, мотиватор, гласноговорник и консултант за компјутерска безбедност, нудејќи услуги за тестирање на пенетрација на компјутерски системи, обидувајќи се, во глобала, да им помогне на компаниите да се заштитат од луѓето кои можат да направат упад во нивните системи, како да се небаре... па, Кевин Митник, лично.
Митник зад себе ја остави сопругата Кимберли, која е бремена со нивното прво дете.