Емитер 5/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На почетокот на овој месец имавме ретка можност да присуствуваме на презентација на новитети во видеопроцесорите и дигиталните комерцијални и кино-проектори од BARCO. Станува збор за производи кои нудат иновативни софтверски и хардверски решенија за визуелни презентации со чија помош се оптимизира работната ефикасност.
BARCO, име за компанија кое денес е речиси неизбежно при конструкцијата и реализација на мултимедијални објекти, почнувајќи од кино-салите, конгресните центри, па сè до медицинските куќи. Оваа реномирана компанија дизајнира и развива решенија од различни професионални области: медиуми за забава, радиодифузија, инфраструктура, сигурност во работата, развој и образование, медицина и корпоративни аудио-видео потреби. На своите корисници BARCO им нуди врвни производи за визуелни презентации коишто ја оптимизираат работната ефикасност. Нивните иновативни хардверски и софтверски решенија се наменети за цела низа процеси при визуелизацијата, започнувајќи од приспособување и стандардизација на видеоформатите, вклучувајќи намалување и зголемување, па сè до обработка и прикажување на снимките. Високиот квалитет и одличните перформанси на производите на BARCO денеска се веќе неизбежни и кај нас во новите мултимедијални објекти. Компанијата AVC Group - Скопје, која е и официјален увозник и застапник за производите BARCO во Македонија, во просториите на ТЦЦ ПЛАЗА на 9.5.2014 ни даде можност да погледнеме и да слушнеме нешто повеќе за дел од најновите производни линии на оваа компанија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.