Рубрика: Аудио и видеотехника
Колкаво е најмалото изобличување што можете да го забележите со вашиот слух?
Автор: Миле Кокотов
Објавено на 17.07.2024 - 12:00

Во ова видео ќе дознаете колкаво е најниското ниво на изобличување што можете да го слушнете со вашиот аудио систем.

Видеото, позајмено од каналот на јутјуберот и аудио ентузијаст Џулијан Краузе, содржи три тестови за изобличување:

Првиот тест почнува од 00:36, со музика и изобличување кое расте од 0,001 % до 33,220 %

Вториот тест почнува од 01:51, со синусоидален тон со фреквенција од 500 Hz и изобличување кое расте од 0,001 % до 10,450 %

Третиот тест почнува од 02:21, со синусоидален тон со фреквенција од 100 Hz и изобличување кое расте од 0,001 % до 20,110 %

Секој тест започнува со нула дисторзија, а потоа го зголемува изобличувањето со текот на времето. Откако ќе го слушнете изобличувањето, можете да видите при кое ниво на изовбличуање, вие започнувата да го забележувате (слушате) изобличувањето.

Интересно е дека при сложен аудио сигнал, како што е музиката, нашиот слух може да толерира многу поголемо изобличување, отколку при чист синусоидален тон. Ако сакате да го елиминирате влијанието на звучниците и да ја проверите само сопствената способност да забележите изобличувања, тогаш слушањето направете го со квалитетни слушалки!

Убаво би било, во коментар на нашата фејсбук страница, да напишете колкаво е најниското ниво на изобличување што можевте вие да го забележите:
https://www.facebook.com/EmiterSpisanie/posts/pfbid02sM1oQwzAwLVepA4fejj...

Клучни зборови: