Ако некоја електронска компонента има потенцијал радикално да го смени животот на целото човештво, тоа е микропроцесорот. Свесни или не за неговото присуство го среќаваме насекаде. Тој мисли и работи за нас. Но микропроцесорот сам по себе е безвреден. За да работи потребна му е меморија (RAM, ROM,...), комуникација кон надвор (сериска, паралелна,...) и што е најважно соодветна програма, софтверска поддршка која ќе вдахне живот во целиот тој хардвер. Со зголемување на степенот на интеграција се овозможи покрај микропроцесорот на еден чип да се додадат влезно излезни порти, меморија, претворувачи на аналогни во дигитални сигнали, а според потребата и други хардверски додатоци. Ова овозможи да се развијат тесно специјализирани уреди со мали димензии, кои се погодни за интелигентна контрола на најразлични процеси - МИКРОКОНТРОЛЕРИ.