Рубрика: Уводник
Дали шемата е проверена?
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кај многу читатели постои недоверба кон шемите и проектите објавени во некое списание или книга, а тоа посебно доаѓа до израз ако станува збор за домашно издание. ЕМИТЕР, како прво македонско списание за електроника е подложен на ваква недоверба многу повеќе отколку што е вообичаено, па затоа сметам дека е крајно време да разјасниме некои работи во врска со шемите и проектите што ги објавуваме.

Кај многу читатели постои недоверба кон шемите и проектите објавени во некое списание или книга, а тоа посебно доаѓа до израз ако станува збор за домашно издание. Причини за ваквите сомневања има повеќе, но ќе наведам смо некои кои по наше мислење се доминантни:
- лошите искуства здобиени при изработка на склопови прикажани во некои бившојугословенски списанија, каде што многу често беа објавувани набрзина подготвени шеми во кои имаше многу грешки;
- доживеаните разочарувања на читателот, кој во минатото неуспешно изработил некои склопови заради “непроверена или погрешна шема”, иако главната причина е тогашната сопствена нестручност и неискуство;
- традиционалната недоверба кон знаења и производи кои потекнуваат од сопствената средина.
ЕМИТЕР, како прво македонско списание за електроника е подложен на ваква недоверба многу повеќе отколку што е вообичаено, па затоа сметам дека е крајно време да разјасниме некои работи во врска со шемите и проектите што ги објавуваме
Уште од самиот почеток определба на редакцијата е во ЕМИТЕР да се објавуваат само проверени шеми и да се вложат посебни напори за да се намали можноста за грешка при компјутерското прецртување на шемите и подготовката на написите. Затоа, сите уреди кои се објавени со наднаслов “проект” или пак во рубриката “проекти” претходно се успешно изработени и тестирани од страна на авторот, а понекогаш и од неколку други соработници на списанието. Доказ за тоа е фотографијата на изработениот уред што секогаш ја има во написите од типот на проекти. Исто така и повеќето од уредите прикажани како апликации (само шема и опис и евентуално ППК) се практично проверени. Меѓутоа, заради низа причини за нив немаме фотографија, а најчесто ниту цртеж на плочката со печатено коло. Можноста да настане грешка при компјутерското прецртување на шемата и општо при компјутерската подготовка на целиот напис во голема мерка е намалена со неколкукратни проверки. Ако и покрај сите напори сепак ни се поткрадне некоја суштинска грешка во објавената шема или во текстот и цртежите тогаш во некој од следните броеви задолжително следи исправка. Во таа насока од голема помош се и укажувањата и прашањата од читателите. Впрочем рубриката “Писма”, меѓу другото, постои и за тоа.
Како што можете да забележите, со ваков став и начин на работа можностите да има некоја суштинска грешка во објавените шеми и написи се сведени на минимум, што и се потврди во досега излезените броеви.
Затоа имајте малку повеќе доверба во ЕМИТЕР - секогаш кога ќе посакате да изработите некој уред што го презентираме немојте да се сомневате во неговата исправност. При изработката внимателно следете ги упатствата и нема да имате проблеми. Сепак доколку ви се потребни дополнителни објаснувања слободно обратете ни се.

Гл. и одг. уредник
Слободан Таневски

P.S. Влегуваме во уште една нова година. Посакувам и за вас и за нас да биде успешна и среќна.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.