Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: Jamo Subwoofers
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред вас се наоѓа првиот македонски тест на комерцијални ("фабрички") звучници. Звучниците можат да се тестираат на два начина: објективно - со мерења и субјективно - со слушен тест. Во нашиов случај ќе бидат извршени само објективни мерења на амплитудно-фреквентната карактеристика на сабвуферите JAMO, без сателитските звучници.

Постои една раширена полувистина дека само слушниот тест е она вистинското. Мерењата можат да откријат многу работи, што слушниот тест може само да ги насети (ако воопшто ги насети). Врз основа на огромен број на контролирани слушни тестови утврдени се величините кои се релевантни за звукот, со нивните вредности и толеранции, како и постапките за мерење со кои се добива вистинска слика за испитуваниот звучник. Од друга страна, разликите во амплитудно-фреквентната карактеристика, спектралната распределба и величината на изобличувањата, импулсниот одзив, дисперзијата и другите карактеристики на звучниците создаваат скоро бесконечен број на комбинации, кои многу тешко може механички да се класифицираат. Поинаку кажано, ако за два различни звучника се измерени слични карактеристики (слични опсези на толеранции на величините), тогаш е невозможно да се каже само врз основа на мерењата кој од нив ќе дава подобар звук. Тука на сцена стапува слушниот тест, кој мора да се изведе како двојно слеп тест (double blind test), инаку ќе се добијат сосема невалидни заклучоци. Иако уште одамна е докажано дека само двојно слепиот тест може да даде веродостојни резултати, тој скоро и да не се употребува во тестовите во популарните Hi-Fi списанија. Единствен исклучок е британското списание Hi-Fi Choice, кое редовно го применува двојно слепиот тест, но и кај нив има некои пропусти. За слушните тестови поопширно, како и за звукот на Hi-Fi уредите (и кабелите), ќе стане збор во друга прилика.

Во овој тест мерењето на амплитудно-фреквентната карактеристика е извршено со прецизниот електрет микрофон Monacor MCE 2000. Микрофонот не е калибриран, што значи дека е можно измерената амплитудно-фреквентна карактеристика под 50 Hz малку да отстапува од вистинската. Бидејќи сите звучници се измерени со истиот микрофон, тоа отстапување ќе биде исто за сите, па затоа споредбата меѓу нивните амплитудно-фреквентни карактеристики ќе биде апсолутно точна.

Беа измерени сите сабвуфери кои се најдоа тој ден во продавницата на Mezzoforte Audio, односно следниве модели: SW 600 E, SW 500, SW 300, SW 200, SW 160 и SW 90.

Клучни зборови:
Сабвуфер Јamo SW500

Сабвуфер Јamo SW500

Сабвуфер Јamo SW600E

Сабвуфер Јamo SW600E

Сабвуфер Јamo SW200

Сабвуфер Јamo SW200

Сабвуфер Јamo SW300

Сабвуфер Јamo SW300

Сабвуфер Јamo SW160

Сабвуфер Јamo SW160

Сабвуфер Јamo SW90

Сабвуфер Јamo SW90

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.