Рубрика: Аудио и видеотехника
DAT, DCC, MD
Автор: Александар Илијевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иако плановите за изработка на уред со кој широките народни маси ќе можат да снимаат висококвалитетни дигитални снимки се постари од оние за производство на CD плеерот, на појавата на други дигитални формати морало да се чека доста долго. Првата комерцијална примена на вселенската технологија вообличена во PCM (Pulse Code Modulation) составот за дигитално кодирање и декодирање на звук датира уште од 1977 година и со незначителни промени егзистира до денешен ден. Тогаш Sony го произведува својот PCM - 1 уред кој приклучен на конвенционалниот стерео видео рекордер овозможува дигитален запис на звукот на видео касета.

Дигиталната обработка е снимателско-репродукциска метода создадена за да што поквалитетно да бидат снимени, сочувани и репродуцирани аналогни, пред се музички информации. Ако се погледне неверојатната сложеност и многубројност на брановидните форми кои постојат во музиката, јасно е дека тоа богатство не може прецизно да се претвори во нули и единици. Губитоците, помали или поголеми, се неизбежни. Од друга страна пак би било крајно неодговорно и кратковидо да се констатира дека дигиталните медиуми сеуште се недоволно зрели за да бидат сериозен конкурент на аналогните формати. Во текот на својата десетгодишна присутност на аудио сцената дигиталните формати секојдневно се подобруваат, па така CD плеерот по својот квалитет, цена и можности дефинитивно се избори за висок статус во аудио светот и стана првиот масовен дигитален аудио формат. Сите други дигитални формати, освен DAT-от, ќе мораат да почекаат да бидат усовршени и да ги поминат сите детски болести кои ги следат. DAT-от своето место го најде кај професионалците и кај аудиофилите, но има и големи шанси за помасовен пробив. Без разлика на форматот иднината припаѓа на дигиталните носачи на звук.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.