Емитер 1/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако некоја електронска компонента има потенцијал радикално да го смени животот на целото човештво, тоа е микропроцесорот. Свесни или не за неговото присуство го среќаваме насекаде. Тој мисли и работи за нас. Но микропроцесорот сам по себе е безвреден. За да работи потребна му е меморија (RAM, ROM,...), комуникација кон надвор (сериска, паралелна,...) и што е најважно соодветна програма, софтверска поддршка која ќе вдахне живот во целиот тој хардвер.
Со зголемување на степенот на интеграција се овозможи покрај микропроцесорот на еден чип да се додадат влезно излезни порти, меморија, претворувачи на аналогни во дигитални сигнали, а според потребата и други хардверски додатоци. Ова овозможи да се развијат тесно специјализирани уреди со мали димензии, кои се погодни за интелигентна контрола на најразлични процеси - МИКРОКОНТРОЛЕРИ.
Во овој и следните неколку броја на Емитер ќе бидат обработени Микроконтролерите на Интел од фамилијата 8051. При излагањето ќе се задржиме како на хардверскиот, така и на софтверскиот дел од проблематиката. Ќе биде дадена развојна плочка за 8031 и неколку проекти со развојната плочка како основа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.