Рубрика: Електроника
Курс за микроконтролери (1)
Автор: Ивица Ѓорѓиев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Микроконтролерската техника во денешно време напредува со огромна брзина. Секојдневно се појавуваат нови модели на микроконтролери кои се побрзи или помоќни од своите претходници. Поради ова микроконтролерите наоѓаат сè поголема примена во секојдневниот живот. За жал кај нас оваа област од техниката е најслабо покриена со литература. Во оваа серија написи ќе биде објаснет начинот на функционирање на микроконтролерите...

Во ова прво продолжение од Курсот за микроконтролери ќе зборуваме за бројните системи. Верувам дека најголем дел од читателите помалку или повеќе се запознати со проблематиката на бројните системи. Меѓутоа праксата покажа дека и за добрите познавачи на оваа област од математиката е пожелно едно повторување со приближување кон микроконтролерската техника.

MC68HC11F1 (како и сите микроконтролери базирани на 6800) е 8 битен систем. Тој има 8 податочни линии, 16 адресни линии, и функции со 8 битни и 16 битни регистри. Поради ова при работата со овој микроконтролер се користи хексадецималниот броен систем. Пред да се концентрираме на хексадецималниот броен систем, ќе продискутираме за неколку други бројни системи што ќе биде од голема корист.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.